Гостивар
Марш од Гостивар до Равен по повод Светскиот ден на пешачењето

Средношколци, професори и општинската администрација во Гостивар се вклучи во марш по пешачка патека од Кејот на Вардар до селото Равен. Активноста ја организираше општинскиот Сојуз на училишни спортови со поддршка на локалната самоуправа, а по повод утрешниот Светски ден на пешачењето, 15 октомври.
„Во активноста учествуваат сите четири средни училишта, и преку ова сакаме да испратиме порака младите што повеќе да практикуваат да пешачат и да ја чуваме и почитуваме природата како голема вредност“, кажа претседателот на Сојуз на училишни спортови во Гостивар, Бурим Бешири.
Во маршот учествуваше и градоначалникот Арбен Таравари, кој во оваа прилика изјави:
„По иницијатива на професорите по физичка култура од средните училишта ќе изодиме една патека заедно со учениците. Сакаме да ги промовираме патеките кои постојат, не само на онаа на Кеј Вардар којашто ја знаат и ја практикуваат повеќето граѓани, постојат и други стази посебно во селата, кадешто доаѓаат и од други градови луѓе, не само за пешачење, туку и за велосипедизам. Ова е и добра можност да се оттргнат децата од смарт телефоните и компјутерите, кои се еден опасен феномен за нив“.
Пешачењето се смета за еден од најздравите видови на рекреација. На возрасните им се препорачува минимум 30 минути умерено пешачење дневно за да го зачуваат и подобрат своето здравје, додека на децата им треба најмалку еден час дневно за правилен раст и развој.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар