Поврзи се со нас

Македонија

Марш за одбрана на новинарското достоинство во петок

Објавено

на

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најавија дека в петок ќе одржат марш за одбрана на новинарското достоинство.

Маршот, како што е најавено, ќе започне од пред зградата на Владата, а медиумските работници ќе се движат до Собранието.

ССНМ и ЗНМ ги повикуваат сите медиумски професионалци да се приклучат на маршот, на кој ќе бидат доставени и барања до Владата и Собранието за итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање, а ќе биде побарано јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите, да се стави крај на агресивниот државен пи-ар, да се даде поддршка за локалните новинари и медиуми, да се почитуваат работничките права на новинарите и медиумските работници, како и да се обезбедат  безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.

– ССНМ и ЗНМ ги повикуваат сите медиумски професионалци на протестен марш на кој заеднички и сплотено ќе го изразиме нашето незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба, истакнаа од Синдикатот. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена