Поврзи се со нас

Македонија

Марш за традиционално семејство и Парада за поддршка на ЛГБТИ денес во Скопје

Објавено

на

Главниот град денес ќе биде место кадешто ќе се одржуваат два настана со спротивставени цели и пораки: едниот за поддршка на правата на хомосексуалците и трансродовите лица и другиот за промовирање на традиционалните семејни вредности.

„Парадата на гордоста, Скопје Прајд е протестен марш кој има за цел да го сврти вниманието на јавноста кон нееднаквоста со која живеат ЛГБТИ луѓето во нашата земја. Стигмата, неприфаќањето и насилството се нешта со кои ЛГБТИ заедницата секојдневно се соочува и кои мора да се надминат.“, велат од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, организатори на парадата.

Здружението на граѓани Традиционално семејство, пак го организира маршот „Сведоштво ЗА семејството“. „Настанот е насочен кон промовирање и зачувување на традиционалните семејни вредности и против можноста во македонското општество да се пропагира и озаконува неприродното семејство и Џендер идеологијата. Да излеземе заедно и да посведочиме за вистината за тоа што е брак, семејство, пол и заедно, со нашите семејства, да ја започнеме нашата прошетка што сведочи живот“, велат организаторите.

Настаните се со почеток во 12 часот. Парада на гордоста, почнува од паркот „Жена борец“ на ул.„Димитрие Чуповски“, преку  ул.„Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ до „Школка“ во Градски Парк.

Маршот „Сведоштво за семејство“ почнува од црквата „Св.Богородица’’ на ул.„Филип Втори Македонски“, преку ул.„11-ти Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Васил Главинов“, до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

„Поради одржување на овие два настани, сообраќајот ќе биде пренасочен по булевар „Кочо Рацин, ул.„Кирил и Методиј“ ,булевар „Св.Климент Охридски“ и другите околни улици. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.“, соопшти МВР.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 10 часа

Телеграм достигна милијарда корисници – дали ќе го престигне WhatsApp?

Светпред 11 часа

САД постигнаа договор со Украина и Русија за примирје во Црно Море и забрана за напади врз енергетската инфраструктура

Македонијапред 14 часа

Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

Македонијапред 14 часа

Приведувања и кривични за злоупотреба на тендер за обезбедување на патарините

Македонијапред 15 часа

Црвениот крст почна со исплата на средства на семејствата на починатите и повредените во несреќата во Кочани

Гостиварпред 16 часа

Одбележан празникот посветен на македонскиот светител Кирил Лешочки

Македонијапред 17 часа

Минималната плата од април ќе биде 24.400 денари, се покачува за 2.200 денари

Македонијапред 19 часа

Младиот Јован кој спаси 21 лице во пожарот во Кочани, со аплауз пречекан во своето училиште

Гостиварпред 21 час

Најмногу врнежи изминатото деноноќие во Маврово и Пожаране

ФОТО ВЕСТпред 4 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Гостиварпред 4 недели

Пријава за измама – Двајца гостиварци купиле ист стан

Видео емисиипред 3 недели

ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог

Македонијапред 3 недели

Министерството за енергетика со информации за сметките за струја – Приговори, цена по блокови, процедури…

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар состанок за училиштата: Носење униформи, отсуства и мобилни телефони дел од темите

Македонијапред 4 недели

Околу 32.000 корисници на МојДДВ чекаат поврат на парите

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележан јубилеј 80 години од основањето на Црвен Крст – „Ние гледаме луѓе“

Македонијапред 4 недели

Од утре дестабилизација на времето, деновиве дожд и снег

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 5 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 1 година

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена