Поврзи се со нас

Временска машина

Објавено

на

Овие раскажувања се  базирани на вистинити факти,меѓутоа некои имиња,ликови и места се (ќе бидат) изменети од драматурски причини.

 

Некогаш не така  одамна постоеше еден град стотина километри и милион години оддалечен од реалноста. Околу градот имаше ограда од едноставни желби и неостварени соништа кои чекаа на шалтерот на животот да ги повикаат да бидат споени со својот сонувач.

Но како што обично и се случува во реалноста не` секогаш сонот успева да го најде својот сонувач. И така некои соништа остануваа засекогаш на крајот од градот заковани на првата патарина како линија која не може да се помине од страна на сонувачите во нереалниот град.

Но имаше и такви кои си го пронајдоа својот сон и некако успејаа да заминат од нереалниот град, некои пак очајни остануваа да вегетираат во рамките на градот како живи подвижни докази дека тука некогаш имало некоја движечка сила, имаше и такви кои својот сон и се’ она што го сакаа од својот живот беше токму тука, во едноставноста на нереалниот град.

Моите раскажувања ќе бидат  една „ временска машина” за нашиот Гостивар, за повозрасната читателска публика ќе биде едно интересно патување а за помладите едно запознавање со градот  Ќе разговараме за разни гостиварски ликови кои во минатото му давале одреден имиџ на нашиот град. Ќе се присетиме на некои минати времиња кога имало огромно количество на позитивна енергија во Гостивар и сите ние сме го славеле нашиот град но ќе се потсетиме и на  моментите кога ѓаволот се шетал по гостиварските улици.

Нашиот Гостивар знае многу нешта и пред нас и за наше време а и  многу е веројатно дека ќе знае и после нас.

За почетокот на нашето патување да се потсетиме на некои ликови кои ќе разбудат некои чувства кај вас почитувани гостиварски читатели.

Вие кои го пронајдовте вашиот сон надвор од Гостивар, вие кои се’ уште сте во потрага по излезот а и вие кои ништо не би менувале во вашето утре, таму некаде околу 2000-та ,плус-минус некои 5 години имаше еден лик кој беше култен за Гостивар и после неговото заминување се почувствува одредена празнина низ гостиварските тротоари. Тогаш, тоа време и сите ние кои бевме дел од тоа време многу добро бевме запознаени со ликот и делото на Митре Партизан. Легендарниот гробар кој свиркаше по гостиварските тротоари и ако некој наседнеше на неговата свирка и се свртеше прашувајќи го :Каде бе Митре?Што ти треба, што свиркаш?-тој ќе ти речеше:Извини што си глупав!!! Значи контра сите општо прифатени норми за урбана легенда Митре беше токму тоа во некои гостиварски сфаќања.

Многу, многу наназад во времето на нашиот град егзистираше платнениот монитор под кровот на гостиварското кино КУЛТУРА, е тука имаше разноразни ликови и случки и беше еден прозорец кон светот кој е надвор од нашиот град. Таму гостиварци од време-навреме доаѓаа да видат нешто поразлично од своето секојдневие но на нашето кино ќе посветиме нешто повеќе внимание во  некое следно временско патување. Ќе се присетиме на ликот  Бирус и на неговото остро око и строг прекор за сите кои за време на кино проекцијата правеа недолични работи  за граѓанин на нереален град во рамките на една нереална социјалистичка земја.

Нашиот град ги имаше и единствените Бале канта заедно со својата сестра Ружа Рушка, деца на народен херој  од НОВ ,со нив двајца  нешто тргнало во погрешен правец, со одредени пречки во нивниот развој тие двајца беа гостиварскиот лумпопролетеријат со кои нашите родители не плашеа кога бевме деца,доколку бевме непослушни,кога не сакавме да јадеме, да учиме, да спиеме…

Гостивар има приказна за раскажување и за Black Forest ,почеток и развој на кој со текот на времето својата моќ ја трансформира во нешто империјалистичко и хегемонско однесување барем кон оние кои мораа својот гостиварски сон да го создаваат со помош на Black Forest.

Гостивар имаше медиуми: ТВ СУКО, ТВ АМ, радио супер Нова,Радио Еми кои беа резултат на едно радио Бонита, радио Га-Га, Гостивар ги имаше Црвен Дожд, Портанигра, Во градот на светлината па се до Ареа. Ги имаше и ЈА ТЕБЕ ТИ МЕНЕ, ги имаше ГЕМИЏИИТЕ, го имаше НИКОЛФЕРТ и многу други специфични и интересни  нешта кои му даваа опис на Гостивар.

Не е поентата да звучам носталгично, можеби е до времето кое заминало и оставило лузна на мојата  перцепција за мојот град, мојот  и вашиот град беше дом на стрип ликови.

Некако се измени(л), кафеана го завеала приматот на повеќето културни институции во градот,многу веројатно на некои од нас-последните мохиканци од  Гостивар ни е шок кога во обид да вдишеш здив од ноќниот живот во градот ќе се најдеме на некое место каде се вртат моменталните хитчиња и кога си дел од некоја јонџа атмосфера каде што испотени  момчиња и девојки со кренати раце слават некои абортус стихови и кога пред очи ти се врти и жмиголи некое тело на малолетна сограѓанка како резултат на ескалирање на музички занес од некоја си „Бела циганка” гледаш и си се прашуваш онака во себе:Имаш ли ти мајка бре дете, татко, брат , сестра или баба, дедо и на крајот Добро бе дете имаш ли ти мозок? Каде  е стихот за љубовта,за морето, за месецината, за првиот бакнеж?-накој треба да се воодушевуваш!

Ама јас пак си велам, можеби е до моите штрафови-за’рѓале, секое време си носи свои херои.

Како и да е, ќе бидеме тука да се присетиме на некогашните ликови како НЕРВ, КАПЕЛО, некои ликови од гостиварското подземје, да ги еволуираме гостиварските славни маала каде живееја гостиварските директори, како пулсираше гостиварскиот тротоар и како се менува(ше) нашиот Гостивар.

Додека ги пишувам овие редови за мојот и ваш убав Гостивар слушам од ТВ како некој порачува дека победува, како некоја будала ескалира со својата тупост и си мислам ако ништо друго барем не е гостиварец, тоа е некако утешително и остава надеж во нас како гостиварци.

Имало и тука разни пропаднати абортуси кои со текот на времето биле во ситуација да решаваат нешто битно за нашиот град но некако сме поминале посуптилно, без некои поголеми штети  по гостиварскиот дух.

И така драги мои гостиварци бидете ми добри, одлични, пред нас се убави нешта, убави дружења.Сакајте се, пијте по некое  кафенце кај комшиите и секогаш чувајте убава мисла во вас.

До следната наша, ракија дружба ве мисли вашиот

®Ban Ki Mun ®!!!

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Предупредување за силен ветер и до 60 километри на час

Македонијапред 3 часа

Две лица приведени за убиството на лекарот во Железара

Здравје и убавинапред 12 часа

7 митови и заблуди за кафето кои секој треба да ги знае

Гостиварпред 14 часа

Работилницата за репарација „Прогрес“ Гостивар претставена во Хрватска како позитивен пример

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

СДСМ и коалициските партнери формираа „Коалиција за европска иднина“

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

ДИК усвои Упатство на двојните избори на 8 мај на гласачките места да се оди еднаш

Македонијапред 18 часа

Тошковски: Владата незаконски поништи мои акти и не дозволи да назначам началник на СВР Тетово

Гостиварпред 18 часа

Гостиварски театар: Скоро 40% помалку средства за претстави, ни се блокира работата

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

ДПТ во коалиција со ДУИ, договорот за „Европски фронт“ потпишан во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена