Вести
Гостивар “El Hombre Dorado 1991” со ®Ban Ki Mun ®!!!

Овие раскажувања се базирани на вистинити факти, меѓутоа некои имиња, ликови и места се (ќе бидат) изменети од драматуршки причини.
Различни датуми ископани од историјата на Гостивар или ај да кажам од минатото на Гостивар, бидејќи не секој датум во кој што се случило нешто посебно бил историски. Сепак за 25.09.1991 можам да тврдам дека е историски датум бидејќи од тој ден во мојот, вашиот Гостивар започна една нова ера на ноќно живеење која со помал или поголем интезитет во зависност од периодите се`уште трае и трае.
Затоа Гостиварци, вие кои имавте привилегија вашата младост да ја конзумирате во овој период од 1991 па се` до ден денес, малку ќе сумираме некои подзаборавени нешта. Ќе освежиме некои спомени, ќе ги ресетираме информациите од вашиот „recycle bin”, се со цел да се присетиме на некое убаво време. Значи врзете се, со помош на временската машина на Emmett “Doc” Brown, сите вие ке бидете телепортирани на 25 .09.1991 ден недела. Недела вечер, невидена гужва наспроти општина Гостивар, а чудото да е уште поголемо како што кажав недела вечер, не сабота вечер, не недела пладне туку баш недела вечер. Млади Гостиварци дотерани, наместени, урбано нашминкани девојки, тазе избричени дечки. Излезени во последниот ден од таа недела 25.09.1991 да бидат тука и да станат живи сведоци на започнувањето на ерата на El Hombre Dorado или ако повеке би сакале -златниот човек??? Значи после точно 17 дена од како сите ние преминавме од една во друга држава или попрецизно од зависни станавме независни, во нашиот град добивме невидена позитивна енергија. Таа беше преточена во ноќен живот,во форма на El Hombre Dorado– златниот човек или како што(ви) е на вас познато Дискотека ЕЛДОРАДООООО…
Накратко, визуелно идејата за името на Елдорадо датира од лето 1991 од како еден период беше така празен во Гостивар. Човекот кој расчисти со „Кралицата” си бараше нов предизвик. Токму тоа лето 1991 тој го минуваше својот летен одмор во Шпанија и плажа, море, корида, фламенго и такви слични нешта и таму негде шестиот, седмиот ден се раѓа идејата за El Hombre Dorado како име на нашата дискотека ЕЛДОРАДО.
Значи невидена еуфорија за тоа време, гужва се преполно, се чекаше 40 минути за влез. Луѓе имаше се од почетокот на ДТВ Партизан, па нагоре скала по скала на тогашниот наш трговски како што си го викавме, се искачувавме да бидеме дел од Гостиварската историја. Незнам како а незнам ни зошто баш така, ама јас таа вечер излегов со моите две тогашни другарки, а во едната бев многу заљубен онака другарски и во некој договор испадна да излеземе во тој состав таа вечер. Чекавме едно добри 40 минути, полека се пробивавме до влезот, на влезот нормално два-тројца автотони батки. Карта 50 денари, не динари туку денари,влегуваш внатре, мрачно, бучно, по некое light show, две три сепариња на крајот, музика од основоположникот на dj- ството во Гостивар -one en only МУГРА слушаме Scatman John, си пиеме некое пиво, константно насмеани, се поздравуваш со сите као демек на слава да ти дошле. На шанкот кој е прв одма после влезот гледаш точи алкохол- Керингтон и така во форма на буквата Г кон внатрешноста на Елдорадо тука некаде околу шанкот се врти и James Деан.Продолжуваме понатаму на крајот од шанкот се стационирал дечкото кој требаше да ја има улогата на Том Круз од Коктел инаку сите го знаеја според неговиот надимак кој претставуваше женски граден кош ама во еднина.
Истиот тој нешто покасно во времето го замени МУГРА на dj ската позиција и се разбира главниот, човекот кој расчисти со Кралицата, el padrone шо би рекол Џамбазов- Јаро Јаро Јаране. Така темелите беа удрени, правецот одреден, кормилото во цврсти раце и бродот наречен „Елдорадо” исплови во океанот на забава и плови до ден денеска. Сите ние имаме време поминато во Елдорадо, сите ние квалитетно сме ја трошеле нашата младост во дискотеката а таму имаше буквално се` и сешто.Јако беше кога на кулминација на некоја музика ќе се појавеше гостиварската денс група од тројца четворица дечки кои играа како на МТВ, а ние демек гледавме од страна и као им остававме простор да се перчат помалку онака фраески као види ми смо денс мафија. Знам дека многу подоцна еден од тие денсери оној најстариот и најнискиот беше на некое талент show во Србија, ама не помина баш славно.
Се точеше алкохол и во тоа време се запознав со текилата, онака се дружевме едно време. Као ќе земеш лимонче, ќе си го намачкаш оној дел од почетокот на палецот, ке истуриш малку солца и ке ја дрмнеш текилата онака филмски и низ цело тело ќе ти поминеше некоја топла струја. Абе лудилооооооо…..многу од нас се споија во таа дискотека и најверојатно одреден процент од денешниве гостиварски тинејџери се резултат на некои активности кои на времето сме ги правеле во ноќните часови во дискотека ЕЛДОРАДО. Имаше и тепачки, кај може без такво нешто кога на мало место има голема концетрација на тестеторони(хахаха) и бум експлозијата е неизбежна. Секаков вид на страст имаше тука- страст за алкохол ,страст за денсирање, страст кон убавите девојки, страст кон експлицитна машкост, се тоа измиксирано во една динамична распределба на позитивна енерија. Дами и Господа фром Гостивар, тоа беше ЕЛДОРАДО, El Hombre Dorado.
Кратко време после отварањето на Елдорадо, во истиот тој комплекс на забава се отвори спороти Елдорадао сендвичарата кај ЃОЛЕ, па после неа се отвори исто така пицерија која беше меѓу првите во Гостивар- Пица Тексас. Тука имаше многу интересна циркулација на луге и во тие простории доминираше американската култура. На самиот влез позади шанкот беше раширено Американското знаме. Така во некоја комбинација од италијанска храна, со американски симболи, а гостиварски навики и ако ти се потрефеше да смуваш некоја подобра девојка, од повидно семејство, требаше да ја однесеш во „Тексас”, као да и покажеш малку гламур. Понатаму се отвори Текила –кафе бар кој исто така остави добар белег во едно време Гостиварско, а по таа парарела на крајот беше кафе барот БАСКЕТ, кое беше најмало просторно местенце но добро беше да се одмориш малку од сето она што се случуваше во Елдорадо, Тексас,Текила. После некое време од спротивната страна се отвори Пица бар „Кај Мишко” и тоа стана еден краток период пријатно место за забава. Имаше пријатна музика, по светла атмосфера, шанкот на средина некако питомо делуваше и за крај барем на тој спрат измеѓу пица бар кај МИШКО и ЕЛДОРАДО се смести кафичот КРИСС.
Баш тука во најмалиот од сите во кафич Крис, на1994 се одреди мојата судбина, ме погоди Амор со својата стрела и мојот пат по кој што чекорам до ден денес беше трасиран.
Уште една интересна случајност барем за мене, името на мојот прв потомок започнува со името на тогашниот кафе бар КРИСС.
Во тоа време беа и почетоците на сендвичара Амиго, но не во тоа место кај што е сега, туку во оној мал дел што сега е магацин на сегашниот Амиго. Во подрумот на комлексот се отвори дискотека КИНГ која исто така имаше свој придонес во ноќниот живот на Гостивар. Времето поминуваше и од некаде се појави на самиот врв на комплексот во поткровљето, ново име на дискотека АКСИУС. Се отвараа нови места каде што Гостиварци требаше да ја најдат својата забава и да си поминат убави моменти во дружење со своите најблиски. Како времето минуваше, сите оние кои беа во обид да го заземат приматот на ЕЛДОРАДО заминуваа таму некаде во минатото. Не успејаа да му одолеат на времето, заглавија таму некаде во својата желба да бидат тоа што не се. Само еден е број еден – No.1, сите други се после првиот. Елдорадо до ден денес го има, постои, циркулира и е синоним за ноќниот живот во Гостивар. Многу нешта и тука се изменети, она што е сега е далеку од првиот тим, од првата постава која гордо седеше зад името на Елдорадо. Но, како што и секогаш се случува некои нови клинци дојдоа на ред да кажат што имаат за кажување. Младоста се менува, времето поминува, а ние може внимателно да слушаме можеби и ќе успееме да слушнеме понекоја вистина закована во sидовите на ДИСКОТЕКА ЕЛДОРАДО.
И за крај на ова наше Елдорадо дружење, да ве потсетам мои драги жители на град Гостивар, мое пучанство, мои сограѓани, не заборавајте:
Некогаш не така одамна постоеше еден град, стотина километри и милион години одалечени од реалноста. Околу градот имаше ограда од едноставни желби и неостварени соништа, кои чекаат на шалтерот oд животот да ги повикаат да бидат споени со својот сонувач. Но, како што обично и се случува во реалноста, не секогаш сонот успева да го најде својот сонувач. И така некои соништа остануваат засекогаш на крајот од градот, заковани на првата патарина како линија која не може да се помине од страна на сонувачите во нереалниот град.
Реални или нереални, некои нешта во едно време и тоа како оставиле своја трага во ова Гостиварско постоење. Сакајте се, ако ви појде од рака гледајте да бидете и искрено сакани. Тоа е оној потешкиот дел од љубовта, ама како и да е гледајте љубовта да е тука присутна во ваша близина, да ви биде потопло во она што следува.
Зимата срамежливо чука на вашата врата, кај и да е вие ќе отворите и пак сите ние со нашите спомени за Елдорадо ќе бидеме завеани од новите снегови.
Нас ни преостанува само да филозофираме – дали кругот е тркалезен :).
Потребно или не, битно или не, во секој случај ве обича вашиот ®Ban Ki Mun ®!!!.
Отворени огласи за вработување:

Измамен гостиварец, порачал половни машини за косење

Продолжува рекордниот раст на рубљата во однос на доларот и еврото

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Приведен дилер баран по наредба на судот во Гостивар за казна затвор од 6 години

Викенд временска прогноза

Ќе се реновира детското одделение во болницата во Гостивар

Малиот гениј Македон на прием кај Пендаровски и Шаќири

Возат патници со неисправни возила, 15 казни во Гостивар и Тетово за превозници

Расте бројот на заболени од мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка

Приведен гостиварец, се однесувал агресивно кон полицајци

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

Малолетник повреден со нож пренесен во болницата во Гостивар

Самостојна изложба на Решат Амети во Грац

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Гостиварец докторант на Универзитетот во Чикаго со проект за учениците во Гостивар

Седум години непребол-Вечна слава на хероите Ненад и Горан

Оглас за 22 вработувања во Општина Гостивар

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Во Гостивар поставени инфо-табли за реката Вардар

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Гостиварци засукаа ракави-„Генералка викенд“ како порака за еколошко освестување

Распали гостиварската артилерија за голема победа против ТФТ Скопје 92-85

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 4 недели
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Во Гостивар ќе се постави спомен плоча на загинатите во несреќата од 13 февруари
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Гостиварпред 3 месеци
21 годишна девојка од гостиварско ја пријавила својата 36 годишна мајка за напад
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата