Поврзи се со нас

Временска машина

“Liebe ist in der Luft in Gostivar”.. со® Ban Ki Mun ®!!!

Објавено

на

Во Гостивар љубовта убива !!!

Мајичка дојди ,дојди

Стани те молам,ти си скроз мокра

Маја доцна е веќе ние мора да одиме од тука

Надвор од оваа шума,дали ме разбираш Маја ?

Каде е твојата обувка,ја изгуби ли ?

Јас морам да ти го покажам патот.

Се изгубивме Маја ? Ти се изгуби, јас се изгубив а и ние самите себе  си се изгубивме

Толку е ладно, ние мораме да одиме од тука

Дојди Маја дојди, твојот кармин на усните избледел

Со тебе бев кога го купи, нели со тебе

Премногу црвен за твоите усни тогаш рече

Не ми го прави тоа ти велев, но ти само ме гледаше

А очите зборуваа повеќе од тоа што требаше да биде кажано

Ти ТРЕБАМ Маја нели ?

Сите знаат дека од денес сме заедно

Сега само тебе те слушам, а тие доaѓаат

Тие доагаат, сакаат да те земат од мене

Но тие нема да те најдат, никој нема да те најде

Ти си скриена длабоко во мене

Најнови вести !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Последните неколку месеци се зголеми бројот на изчезнати лица

Најмладата мегу нив, известуваат локалните власти и последната жртва е 19 годишната
Гостиварчанка Маја која за последен пат е видена пред 14 дена после полноќ,
како се шета по кејот на реката Вардар .

Не се исклучува можноста Маја да е засекогаш изгубена и дека нејзиниот живот
трагично завршил??????

Некогаш не така одамна постоеше еден град, стотина километри и милион години одалечени од реалноста. Околу градот имаше ограда од едноставни желби и неостварени соништа кои чекаат на шалтерот на животот да ги повикаат да бидат споени со својот сонувач. Но, како што обично и се случува во реалноста не секогаш сонот успева да го најде својот сонувач. И така некои соништа остануваат засекогаш на крајот од градот заковани на првата патарина како линија која не може да се помине од страна на сонувачите во нереалниот град.

Guten abend mane n damen, wieder zusammen sein in einer Versammlung sein, ist ein weiterer  ®Ban Ki Mun ®!!!

Heute Abend werden wir halten werde erinnern Gostivar hatte einmal LIEBE!!!

Или да не форсираме повеќе јазичност, накратко овој пат ке се потсетиме на љубовта во нашиот град. Како Гостиварчани се сакале некогаш, а како се сакаат сега. Ако сте спремни за една јака Гостиварска елегична новела почнуваме со едно невероватно љубовно патешествие. Љубовта како и се друго тука во нашиот убав град има претрпено некои промени. Споредбено со некое друго време, да пресликаме барем три варијанти. Прва Варијанта, праќаш писмо по нејзината другарка и се надеваш дека ке се појави во право време на право место и ако се е по план ке се држите за рака едно добри 30 минути, и така ке се заљубите еден во друг што тоа е  просто  неописиво. Во оваа прва варијанта ке треба да знаеш дека треба да бидеш стрплив, внимателен и да си знаеш дека после враќање од војска те чека свадба, ако ти се посреќи да не ја дале невестата во мегувреме.

Втора варијанта љубов во Гостивар . Се шмекаш еден извесен период , гледаш дека има позитивен fit –bаck и кога сите параметри за успех ти се поволни стартуваш. Доагаш до неа и онака лежерено кажуваш некоја глупост. Ако се насмее вратата ти се поотворила и продолжуваш. И кажуваш дека убаво би било ти и таа малку да се сакате, дека  е многу  убава, прекрасна и дека ти си заклучил дека во скоро време во Гостивар не си видел нешто поубаво од неа. И така нешто во тој  контекст, конечно таа е твоја и почнувате да се сакате. Излагате во град фатени за рака сите да видат дека сте се засакале. Од тој момент вие сте го изгубиле статусот на соло и  unhappy и сте се претвориле во happy couple. Да ама се е тоа ок до оној момент кога ќе се упатите во паркот кај клупите- е тука е правата мака. Како да почнеш со нежности, како. Ако ти се потрефеше некоја од добра фамилија требаше многу труд, многу романтика многу филозофија па некако да се намали отпорот и да ја бакнеш некако кратко. Од почеток така помалку бакнежи, усни на усни па покасно нешто пробуваш со јазик и се до оној момент кога ке ја пуштиш својата рака на нејзината цицка. Е тука више почнуваа првите проблеми во врската. Но, со тек на време цицките стануваа нормална работа. До скоро споредбата на времето од втората варијатна со она што денес се случува во муабет беше, порано кога ќе фатевме цицка одма брзавме дома. Зошто? Па да се затвориме во WC.

Трета варијанта љубов во Гостивар, време сегашно. Како е има нешто интересно женски нешто, понуда на пазарот? Има бе тато за мување колку сакаш ???? Мување ??? Ние порано под мување подразбиравме да појдеш до Рекорд на сладолед , после да појдеш малку до Авалон да се муваш да видиш што има и на крај малку да се помуваш до М на сендвич и така. Цела ноќ се муваш малку ваму малку таму. Ама со време тоа Мување тука во нашиов град добило некоја сосема друга димензија. Ок е важно да има љубов. Па нека се муваат децата битно си се сакаат. Сигурно има некои оделни случаеви кога тоа мување како вирус преминува и на повозрасните ама тоа сепак се исклучителни случаеви ,само кога е неопходно, кога се мора.

Тоа се трите фази на љубовта во Гостивар за кои има документирани материјали. Имаше стварно многу љубовни приказни во Гостивар. Некои се претворија во вистински амерички филм од типот на ,,Сјај у трави,, со  Natalie Wood и со Warren Beatty. Но, некои баш и ја немаа таа среќа, впрочем као и многу нешта во животот работите излагаат од контрола и се случува приказната на Ромео и Јулија . Така нешто беше и со Макрадули и со Erdbeere . Едноставно си се засакаа и сега кога се присетувам на нив признавам дека визуелно и не беа еден за друг, некако не си одговараа ама пуста љубов и толку. Се сеќавам на тоа време кога  Erdbeere ќе ја слушнеше од Deep Purple – Soldier Of Fortune, одма почнуваше да плаче. Се враќавме од  Queen Mary онака пред фајронт и ќе се слушнше од некаде Soldier Of Fortune и таа одма почнуваше да плаче. И викавме не биди таква нема потреба ама таа си го сакаше.  Макрадули беше дел од едно култно друштво во градот наш. Ние сите си ги знаевме како хипици. Седеа најчесто во паркот, поседнати по тревата, со искинати фармерки онака џинс палто без ракави ,на грбот амблемот на Дивље јагоде и нормално по некое шише алкохол. Тука имаше по сите изгледи и нешто повеќе од алкохол како што и е ред хипици, деца на цвеќето, мирот и љубовта, сигурно се наогаше и по некој прашак и цела таа нивна реалност немаше баш многу простор за љубовта на Макрадули и Erdbeere. Многу ,многу покасно Макрадули баш за тој прашак и замина во некој друг свет додека  Erdbeere не успеа да остане со сите.

Добро беше да си заљубен во Гостивар. Прекрасно. Одиш со цурата на сендвичи во поранешна М сендвичара имаа најдобри феферони. На сладолед во Рекорд или на воќна салата едно време имаа воќна салата, ако останеш подоцна надвор неизбежен беше бурекот во Акчај. Ако ти се потрефи некое неделно попладневно излагање топ беше да ја однесеш девојката  на ќепаби во шар и таа да се чуставува како последна кинеска кралица. Ти и твојата љубов. Во едно безгрижно Гостиварско секојдневие.

И на крајот да ви откријам една тајна која на никој ја немам кажано,  но морате да ми ветите дека на никој нема да ја откриете. Работата е приватна. Ако пробате да ја насликате љубовта во Гостивар ќе го нацртате човекот кој никој од вас не го знае, тој пристигнал во Гостивар пред едно 100/200  години со својот куфер полн со надеж. Тој Човек со тек на време добил син па и неговиот син добил син и така некаде во овој цртеж ке се насликате самите себе, како поколение на човекот кој пред 100, 200 години дошол тука во Гостивар, се заљубил во вашата пра пра пра баба и од толку многу љубов, со време љубовта ве довела вас тука. Во најубавиот град за заљубените во светот, после Верона се разбира – Гостивар.

Мои драги Гостиварчани вашиот Бан Ки Мун кој мината недела преживеа атентат, но некако ме одржаа на апарати, па  еве ме пак повторно со вас. Сепак сме луге и не ни треба некоја посебна причина да се сакаме. Сакајте се !!!

®Ban Ki Mun ®!!!

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена