fbpx
Поврзи се со нас

Македонија

Маските во училиштата и сертификатите засега остануваат, за прележаните се продолжуваат на 180 дена

Објавено

на

  • Shqip

Се уште сме во фаза на широка трансмисија на вирусот и рано е за укинување на ковид-сертификатите, смета Комисијата за заразни болести. Предлага продолжување на сертификатот по прележана болест од сегашните 45 на 180 дена. Оценуваат дека вакцинацијата останува најдобра заштита од КОВИД-19, особено од хоспитализација и смрт. Засега не се размислува за задолжителна вакцинација, туку како таа да се поттикне.

Според анализата на Институтот за јавно здравје на сите случаи на хоспитализации и смрт од КОВИД-19 во периодот од 1 до 31 јануари 2022 година, шест лица кои примиле трета доза завршиле со смртен исход. Сите смртни случаи кои биле контастирани имале коморбидитети, како што се дијабетес, карцином, кардиоваскуларни заболувања и обезност.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски вчера на прес-конференција информираше дека трите дози вакцина против КОВИД-19 во моментот даваат гаранција од над 95 проценти заштита од смрт.

Петличковски потенцира дека и во светот заокружен циклус на вакцинација веќе се однесува точно или на три дози или некаде има комбинации прележаност по две дози.

– Поентата е дека трите дози во моментот се тие кои даваат гаранција над 95 проценти за заштита од смрт и повторно тука има еден мал процент можност и човек вакциниран со три дози да заврши лошо, но шансите тоа да се случи се многу мали, вели првиот човек на Комисијата за заразни болести.

Посочи дека анализата на хоспитализирани и починати има за цел да одговори зошто имавме релативно висока стапка на смртност, а како проблем кој го лоцирале е слабата застапеност на третата доза.

– Втор проблем, односно втора дискусија која ја отворивме е шифрирањето на починатите од КОВИД и тука се обврзавме во следнава недела да имаме еден работен состанок со Заводот за статистика, со Институт за епидемиологија кои го изготвуваат овој шифрарник, за да направиме абдејт, бидејќи изгледа дека шифрирањето се води по методологија која е од почетокот на пандемијата, така што веројатно има тука некој развој и размислуваме да го освежиме начинот на шифрирање, односно на класифицирање на болеста, додаде д-р Петличковски.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ на прес-конференцијата посочи дека не се размислува за задолжителна вакцинација, туку Комисијата разговарала како е можно да се поттикне вакцинацијата, со цел создавање колективен имунитет.

– Се размислува во насока на тоа да има и централизирана кампања за да може да имаме малку поорганизиран пристап до начинот со којшто допираме до граѓаните, за да им објасниме кој е бенефитот од вакцинацијата. Од друга страна, се размислува и за такви групи односно за оние што ни се најпроблематични. Пред се, тука треба да ги споменеме оние кои имаат сериозни коморбидитети, заболувања коишто ја влошуваат ситуацијата кога ќе имате КОВИД-19 пропратен како на еден од ризик-факторите којшто може да даде тешка клиничка форма на болеста или којшто може да даде смртен исход. Тие таргет групи сега се сериозно во фокусот, вели Мехмедовиќ.

Тој додаде дека се разработува брза стратегија која што ќе даде сериозен акцент на вакцинација за да се подигне колективниот имунитет.

Останува препораката за носење заштитна маска во училиштата. Комисијата за заразни болести вели дека досега не добила барање од родители децата на училиште да не носат маски и за тоа не е разговарано.

– Меѓутоа, ставот на Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола на болести е дека во затворени простории, меѓу кои и училиштата, треба да се носат маски од шестгодишна возраст па нагоре. Така што, согласно препораките на СЗО и врз основа на протоколите за посетување на настава со физичко присуство, секое дете треба да носи маска, изјави Мехмедовиќ.

Најави дека ќе се менува методологијата и динамиката за скрининг на училиштата. Ќе има помал број на тестови кои ќе покажат каква е актуелната состојба меѓу популацијата од шест до 18 години. Ќе се применува стратегијата „тестирајте за да останете во училиште“ која предвидува изложените ученици во одделенијата каде имало позитивен случај да можат да се тестираат со цел да се овозможи останување во процесот на настава со физичко присуство доколку се утврди дека направениот тест е негативен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување:

Advertisement
Вестипред 38 минути

Факти за мајмунските сипаници

Гостиварпред 2 часа

Триесетина казни во Гостивар и Тетово за возачи кои не пропуштале пешаци

Македонијапред 3 часа

Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност на МПЦ-ОА во Вселенската патријаршија

Спортпред 4 часа

Чистка во Интер, заминуваат 13 играчи

Македонијапред 6 часа

Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Македонијапред 6 часа

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Технологијапред 17 часа

Шест месеци научници напојувале компјутер со помош на алги

Гостиварпред 19 часа

Куче скитник нападнало гостиварец

Македонијапред 20 часа

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

Вестипред 21 час

СЗО: Мајмунските сипаници во развиените земји веројатно се ширеле на две забави преку секс

Гостиварпред 23 часа

Нападнат малолетник во гостиварско Чегране

Македонијапред 24 часа

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници

Македонијапред 1 ден

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Гостиварпред 7 дена

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Вестипред 1 недела

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Гостиварпред 1 недела

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Гостиварпред 1 недела

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Гостиварпред 2 недели

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Гостиварпред 2 недели

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Гостиварпред 2 недели

Лукаревска во посета на гостиварската фирма Прогрес 1998

Гостиварпред 3 дена

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

Гостиварпред 1 недела

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар

Гостиварпред 5 дена

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

Спортпред 1 недела

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Вестипред 1 недела

Влезниците за КК Гостивар – МЗТ Скопје пуштени во продажба, по иницијатива на поддржувачи на КК Гостивар

Спортпред 6 дена

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Спортпред 1 недела

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Вестипред 1 недела

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Спортпред 2 недели

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Гостиварпред 3 недели

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Гостиварпред 1 месец

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Културапред 1 месец

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

Спортпред 1 месец

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Гостиарскипред 2 месеци

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварпред 2 месеци

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Гостиварпред 2 месеци

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостиварпред 3 месеци

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Спортпред 3 месеци

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена