Вести
Mасовна евакуација во Флорида поради ураганот „Милтон“, најсилна бура последните 100 години
Флорида се подготвува за една од најсилните тропски бури во последните сто години. Ураганот „Милтон“ се движи кон брегот на САД, а властите ги повикуваат жителите веднаш да се евакуираат.
„Милтон“ повторно се засили до категорија 5 и може да биде најсилната бура што некогаш ја погодила Флорида. Иако се прогнозира дека ќе ослабне пред да падне на копно, ќе порасне во големина, што значи дека неговите катастрофални влијанија ќе се почувствуваат на поширока област. Доцна денеска се очекува да стигне до брегот на Флорида.
Претседателот Џо Бајден ги предупреди жителите на Флорида да се евакуираат веднаш пред ураганот „Милтон“, ураган од четврта категорија, велејќи дека ситуацијата е „прашање на живот и смрт“. Градоначалникот на Тампа ги предупреди жителите да „бегаат или ќе умрат“.
Белата куќа објави дека Бајден ја откажал планираната посета на Германија и Ангола за да ги надгледува подготовките за „Милтон“, како и напорите за закрепнување од неодамнешниот ураган „Хелена“.
„Милтон“ носи екстремно силни ветрови до 250 км/ч откако ќе помине по северниот раб на полуостровот Јукатан во Мексико. Се прогнозира дека невремето со полна сила ќе ја погоди густо населената област Тампа залив оваа вечер, помалку од две недели откако ураганот Хелен веќе ја опустоши државата. Жителите на Флорида добија совет да се подготват за најголемата евакуација во последните години.
Во тек е масовна евакуација. Десетици илјади луѓе ги блокираа патиштата и заглавија во сообраќајот.
Гувернерот Рон Де Сантис истакна дека Флорида отворила десетици засолништа за оние кои не можат да ја напуштат областа погодена од невремето.
-Имаме едно засолниште кое може да прими 10.000 луѓе. Другите засолништа можат да примат илјадници. Овие засолништа се последното прибежиште, изјави тој на брифинг со новинарите.
Владата на Бахам, исто така, издаде предупредување за тропска бура за делови од островската држава, вклучувајќи ги и островите Гранд Бахама, Абакос и Бимини.
Во понеделникот, окрузите на Флорида почнаа да издаваат наредби за евакуација, при што властите очајно ги повикаа луѓето да се евакуираат што е можно поскоро.
Аеродромите во Тампа и Орландо најавија дека ќе ги прекинат летовите со приближувањето на бурата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија