Поврзи се со нас

Македонија

Масовното иселување доведува до вишок на наставници, проблемот ќе се решава со посебна стратегија

Објавено

на

    „Со оглед на тоа што се случува со нашата демографија, со масовното иселување на нашето население надвор од земјата, веќе се појавува т.н. вишок на наставници иако лично сметам дека наставник не може да биде вишок. Ние, треба само да ги направиме функционални. Затоа Владата уште во предизборната програма направи цела стратегија како наставниците кои ги имаме да ги направиме функционални за да останат во образовниот процес“, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање.

    Таа појасни дека Стратегијата е едносменското работење, подолгиот престој на учениците и на наставниците во училиштата и целодневната настава, која, како што рече, се покажала како многу ефикасна во повеќе земји.

    -Кога ќе направиме нормални паралелки, не паралелки од по 10 или 15 ученици, туку кога ќе ги сведеме на 20 ученици, наставникот што е вишок ќе продолжи да работи во втората половина на денот според програмата на училиштата, која опфаќа многу додатни предмети, изборни предмети, воннаставни активности, работа со деца кои имаат потешкотии во учење, работа со талентирани деца, дополнителна настава, додатна настава, општествено корисни работи. Идејата е дека целиот фонд на наставници треба да го искористиме за учениците да стекнуваат подобри знаења, нагласи Јаневска.

    Дополнително, како што рече, познато е дека одредени институции во државата се со слаби човечки капацитети, тоа се Бирото за развој на образованието (БРО), Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и Центарот за средно стручно образование и обука имаат потреба од искусни и сериозни луѓе.

    „Ќе им понудиме на наставниците, откако ќе направиме мали измени во законите, да се префрлат во овие институции за да можат да дадат свој импакт на образование, односно да го пренесат своето искуство и знаење на оние наставници на кои им требаат обуки и помош. Да, процесот е огромен, процесот е комплициран, но заедно со нашите странски партнери имаме енергија и волја да направиме нешто за да се подобри целокупното образование на нашите ученици. Оптимизацијата, формулата за финансирање, инфраструктурните промени се дел од овој процес“, изјави Јаневска. Додаде дека овој процес не може да се направи за два, три или пет месеци и порача дека не брзаат.

    Битно е, како што потенцира, да направиме нешто што ќе биде трајно и ќе дава ефект. – Крајниот продукт на образовниот систем е ученик со соодветни знаења на истата возраст, како децата од ЕУ, порача Јаневска.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена