Занимливости
Математичка формула за прецизно паралелно паркирање

Математиката најде решение за еден од најчестите проблеми на возачите: паралелното паркирање.
Математичарот Сајмон Р. Блекбурн, од Универзитетот во Лондон, во соработка со компанијата Vauxhall Motors, измислил формула за прецизно паркирање во еден потег. Потребата од создавање математичка формула произлегла од истражување коешто покажало дека 57% од возачите, секојдневно имаат мака при паралелно паркирање на возилата
Математичарот ја искористил Питагоровата теорема и променливи: радиус на вртење на автомобилот, растојание од центарот на предното тркало до предниот дел од автомобилот и ширината меѓу веќе другите паркирани автомобили.
Сега полесниот дел! Еден вид превод на математичката формула во четири едноставни чекори:
– Застанете покрај автомобилот пред местото кадешто сакате да паркирате и израмнете ги вашите задни гуми со браникот од тој автомобил.
– Свртете ги тркалата надесно кон работ на тротоарот колку што ви дозволува воланот.
– Одете наназад сè додека центарот на внатрешната задна гума не се порамни во замислена линија со работ на тротоарот. Исправете ги тркалата, продолжете да одите наназад.
– Кога вашата надворешна гума е порамнета со истиот раб, свртете ги тркалата во насока на улицата и продолжете да се движите наназад.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите