Поврзи се со нас

Спорт

Математики, анализи, теории – Последно коло: КК Гостивар – ТФТ Скопје од 17 часот

Објавено

на

Полека, но дефинитивно, привршува регуларниот дел од натпреварувањето во Првата македонска кошаркарска лига – мажи. Денеска и утре се играат преостанатите 4 дуели со кои ќе се комплетира последното 22. коло по што ќе се одреди конечниот распоред на табелата, односно ќе се формираат двојките за завршниот топ 8 плеј-оф.

КК Гостивар – ТФТ Скопје, Пелистер – Работнички, Вардар – Куманово и Црн Дрим – МЗТ Скопје се последните 4 натпревари сезонава од регуларниот дел.

КК Гостивар во Младост денеска ја пречекува екипата на ТФТ Скопје. Гостиварци со 33 бодови се наоѓаат на 5. позиција, исто колку што имаат и Куманово, ТФТ Скопје и Навико ФМП. За да ја задржат оваа позиција „бело-сините“ треба да го добијат денешениот дуел со ТФТ и тоа со што е можно поголема кош разлика. Во борбата за 5. позиција со екипата на Куманово, Гостивар е во моментална предност, поради подобрата кош разлика од +16 поени, имајќи во предвид дека кумановци последниот натпревар го играат со Вардар, таа разлика и не е недостижна.

И ТФТ Скопје не е без шанси за повисок пласман, со евентуална победа денеска над Гостивар може да се искачи и на 5. позиција.

Натпреварот КК Гостивар – ТФТ Скопје започнува од 17 часот, пред почетокот на натпреварот ќе објавиме линк на кој ќе може да се следи дуелот.

Многу калкулации има и во горниот дел од табелата, се додека не се заврши и последното коло, тешко е да се направи проценка како би изгледал конечениот распоред. Но, да се обидеме теоретски да ги објасниме сите комбинации. Во директниот дуел помеѓу Пелистер и Работнички, во случај победа на Работнички со +25 поени разлика, „центарци“ ќе завршат на првата позиција, во спротивно Пелистер ќе биде прв, Работнички втор, МЗТ Скопје (со претпоставка дека ќе ја совлада екипата на Црн Дрим) би биле трети, а Еуроникел ќе заврши на 4. позиција. КК Гостивар (со претпоставка дека ќе ја совлада екипата на ТФТ Скопје) ја задржуваат 5. позиција, Куманово (ако победи КК Гостивар и со победа и со пораз) се на 6. позиција, ТФТ Скопје седми, Навико ФМП на 8. позиција. Плејофот ќе продолжи во систем: 1-8, 2-7, 3-6, 4-5.

Како и да е, вистинските возбудувањата во македонската кошарка се пред нас. Денеска и утре ќе се прават математики, анализи, пресметки за конечен распоред на табелата. Веќе нареден викенд на 14 мај започнува завршницата во КУП натпреварувањето, за недела потоа започне и финалната борба за Шампион на Македонија во сезоната 2020/2021.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 часа

Света литургија во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар: Не осудувајте, не мразете, од срце проштевајте!

Рецептипред 2 часа

Крцкав чипс од тестенини – совршена закуска за секоја прилика

Технологијапред 17 часа

Зошто треба да е вклучен авионскиот режим на електронските уреди додека се лета со авион?

Македонијапред 20 часа

Протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“- Правда за Фросина

Македонијапред 22 часа

Прометот во големите маркети во четврток и петок намален за 22%

Македонијапред 24 часа

Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство доби веб страница

Македонијапред 1 ден

Како до поголема сообраќајна безбедност: Затворски казни, одземање возила, ефективни контроли за градење сообраќајна култура…

Здравје и убавинапред 1 ден

Лути и лековити – намирници кои го зајакнуваат вашето здравје

Спортпред 2 дена

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена