Гостивар
Матевска: Ние сме единствена земја во светот каде пензионерите протестираат, не се издржува!
„За да имаме достоинствен живот ќе мора да ни се исполнат некои барања. Верувајте, има луѓе со 9.000 – 10.000 денари пензија. Немаат пари да си ги платат лековите, основните животни потреби да ги задоволат, а не пак нешто друго. Во цела Европа на пример, пензионерите со мали пензии имаат обезбедено бесплатно бањско лекување, така порано беше и кај нас, сега тоа го нема. Како да зборуваме за достоинствен живот, за мирен и спокоен пензионерски живот. Многу тешко. Ние сме единствена земја во светот во која пензионерите имаат протести, не знам ни како да го дефинирам тоа. Нека се подзамислат тие што треба“, подвлече Живка Матевска, дел од Иницијативниот одбор за организирање на пензионерските протести во Гостивар, во емисијата на Gostivarpress.mk, „Минути за секого“.
Со неа разговаравме за барањата на незадоволните пензионери, нивните очекувања и плановите за идни активности.
„Ни беше ветено да се зголемат пензиите за 7,3% , а се зголемија 5,5%, министерката за труд и социјала го рече тоа, но излезе за нас немало пари, каде се тие 2%. И тогаш, од каде се тие 78% за платите во Парламентот што се зголемија. Тоа е нелогично, за 24 часа да се донесе такво решение, а за нас кои вистински имаме потреба немало пари. Не може да се издржи. Нема да допреме, продолжуваме со протести, ги бараме нашите права. Поради овие реакции со протести можеби ќе дадат некоја мала сума на пари, некое бонбонче ќе ни фрлат, затоа што доаѓаат избори, но потребни се големи промени. Прво во начинот, методологијата на одредување на пензијата, тоа е број еден. Основно нешто што го бараме во однос на здравството е на пензионерите да не им се наплатува партиципација, ако не се постигне зголемување на пензиите, барем нешто да се направи.“, кажа Матевска.
Целата емисија може да ја проследите на јутуб каналот на Gostivarpress.mk.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија