Македонија
Матичните лекари утре на предупредувачки штрајк

Матичните лекари утре организираат предупредувачки штрајк, за да алармираат за проблемите и потешкотиите со кои секојдневно се соочуваат.
„Предупредувачиот штрајк се состои во тоа што, матичните доктори утре нема да се вклучуваат во системот Мој Термин, нема да се издаваат упати, рецепти, секако нашите амбуланти ќе бидат отворени за пациенти кои имаат итна потреба од помош. Со ова сакаме да скренеме внимание за она што го кажуваме многу години, за нефункционалноста на здравстевниот систем. Матичните амбуланти се доведени на работ на егзистенција поради зголемените сметки, а непроменета капитација, има голем одлив на матични доктори во странство и за нашето упорно барање пациентите да се водат на име на амбуланта. Затоа што кога заминува некој од докторите од амбулантата се кине и капитацијата и вие не можете да ги платите вработените. Овие промени се со цел да може матичните доктори да функционираат, за подобра работа и здравствена услуга за нашите пациенти“, рече во изјава за Канал 5, д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!