Поврзи се со нас

Македонија

Матура ќе се полага во училиштата, во сали и холови со растојание од 1,5 метри меѓу учениците

Објавено

на

    Матурантите ќе ја полагаат државната матура во своите училишта под услов тие да ги исполнуваат потребните стандарди за спроведување на испитите. За училиштата кои немаат просторни услови, Државниот испитен центар (ДИЦ) ќе овозможи алтернативни простории врз основа на барања што ќе им ги достават засегнатите училишта.

    Сојузот на средношколци соопшти дека било прифатено нивното барање матурата да се полага во училишните простории наместо во амфитеатрите на факултетите, освен за оние што немаат услови. Тоа денеска го соопштија претседателот на Сојузот на средношколци, Берин Мухамед, и директорката на ДИЦ, Даниела Јовчевска-Михајловска.

    -Сите училишта кои ги исполнуваат просторните можности, согласно Правилникот за организирање државна матура, што значи метар и половина растојание пред и зад ученикот и од страна, имаат можност да полагаат во големите простории коишто ги имаат во училиштата, а тоа се фискултурните сали или холовите. За останатите училишта, коишто немаат такви можности или не ги исполнуваат просторните услови, државната матура ќе се организира на други локации, поточно на факултетите, изјави Јовчевска-Михајловска.

    Посочи дека од директорите односно од училишните матурски одбори побарале да ги анализираат просторните услови и да достават до ДИЦ барање доколку не се во можност во своите училишта да организираат матура според Правилникот. За оние кои веќе се изјасниле дека немаат услови, ДИЦ пристапил кон барање решенија за организирање на матурата на факултетите.

    Како што рече, такви училишта има повеќе во државата, но за разлика од минатите години кога за полагање на матурата во спортски сали на други училишта, тие самите обезбедувале и дотаму превезувале клупи и столчиња, оваа година ќе им бидат обезбедени услови на факултетите каде што се ќе им биде наместено.

    Рече дека и во оваа година се уште нема да може да се реализира идејата за поставување блокатори за мобилни телефони и за други електронски уреди, но дека како опција останува за во иднина.

    Средношколскиот лидер Берин Мухамед изјави дека полагањето во амфитеатрите на факултетите ќе важи за сите училишта што немаат просторни услови, а не само од некои градови  бидејќи, рече, се шират такви нејаснотии меѓу средношколците.

    -Затоа сакаме да ги информираме подобро средношколците. Побаравме средба со МОН и ДИЦ и по состанокот дознавме дека на сите училишта им се дава можноста да полагаат во нивните простории ако ги исполнуваат условите за полагање, а за оние кои не можат да ги исполнат условите, може од ДИЦ да побараат простори, додаде Мухамед.

    Двата екстерни испита од државната матура 2024/2025 година ќе се полагаат на 31 мај и 11 јуни. За полагање се пријавени околу 15 000 матуранти.

    Овој месец матурантите ја работат проектната задача која, заедно со екстерните и интерните испити, е дел од државната матура. ДИЦ веќе ги почнал подготовките за завршниот испит – објавени се тестови од минатите години заедно со точни одговори што им помага на матурантите како подготвителен материјал.

    Со донесувањето на новиот Закон за средно образование, кој е во собраниска процедура, се очекуваат и новини во полагањето на државна матура односно модели согласно видот на образование (гимназиско, стручно и уметничко).

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена