Поврзи се со нас

Гостивар

Матурантите во Гостивар и Тетово на предавања за фер и спортско навивање

Објавено

на

Младите од полошкиот регион преку предавања ќе се потсетат на потребата од фер и спортско навивање и коректно однесување на спортски натпревари.

Секторот за внатрешни работи Тетово неделава стартуваше со проектот „Спречување на насилно и недостојно однесување на спортски натпрeвари“, со кој ќе бидат опфатени околу 3.000 ученици од четврта година во сите средни училишта во Гостивар и Тетово.
„Во училиштата се одржуваат посебни работилници, односно предавања, на кои интерактивно учествуваат и родители, училишни психолози и педагози. На нив се дебатира за потребата од фер и спортско навивање на фудбалски или други натпревари, но и за законските импликации доколку се иницира или учествува во насилство пред, за време или по завршување на натпреварите. На предавањата посебен акцент му е ставен на претстојниот квалификациски натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Република Северна Македонија и Република Косово, кој на 26 март годинава ќе се игра во Скопје, а на кој се најавува присуство на повеќе навивачки групи, меѓу кои и од тетовско-гостиварското подрачјe.”, се вели во соопштението од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена