Гостивар
Матурантите во Гостивар се приклучија на бојкотот на наставата
Матурантите од средните училишта на подрачјето на Гостивар се приклучија на бојкотот на наставата што го иницираше Сојузот на средношколци и најмалку во следните недела дена нема да посетуваат онлајн настава. Одлуката за бојкот беше донесена во знак на незадоволство од полагањето на државната матура. Сојузот не смета дека испитот треба целосно да се укине, но бара наместо 4 да се полагаат 2 предмети. Од нив задолжителе да биде мајчин јазик и еден изборен.
„Матурантите од средните училишта во Гостивар почнаа со бојкот на наставата и не се приклучија онлајн. Сметаме дека вака како што е сега поставена државната матура не е соодветна, со оглед дека сме изгубиле многу поради онлајн наставата. Затоа бараме наместо 4 да се полагаат 2 предмети, задолжителен да биде мајчин јазик и еден да биде по избор на ученикот. Мислиме дека овој начин ќе донесе бенефит и за учениците и професорите и Министерството за образование, како и Државниот испитен центар.“, изјави потпретседателот на Сојузот на средношколци, Леутрим Билали.
Сојузот вчера одржал состанок со министрите Мила Царовска и Венко Филипче, но не паднал договор за полагањето на матурата и не дошло до приближување на ставовите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар