Македонија
Маврово и Ростуше доделува по 6.000 денари за студенти од општината, отворен е повикот

Општина Маврово и Ростуше од буџетот ќе издвои финансиски средства за студентите. Локалната самоуправа објави јавен повик за доделување еднократен финансиски надомест во износ од по 6.000 денари за редовни и вонредни студенти од оваа општина, за една студиска година.
Како што стои во повикот може да конкурираат редовни и вонредни студенти, кои не се во работен однос, жители на општина Маврово и Ростуше и запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година.
Барањето може да се преземе преку линкот поставен на веб страницата на општината или во општината. Рокот за аплицирање е до 10 март.
Студентот треба да достави важечки документ за идентификација (лична карта или патна исправа), потврда за редовен или вонреден студент, односно запишан или заверен зимски семестар (прв, трет, петти или седми семестар а за студентите од медицинските науки и деветти и единаесетти семестар, како и трансакциска сметка.
Со цел мотивирање на младите да го продолжат школувањето на високо образовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите, оваа можност, почна да се аплицира минатата академска година, кога ова право го остварија 28 студенти.
Општина Маврово и Ростуше од 2018 година еднократна парична помош во износ од по 5.000 денари доделува и за секое новороденче во семејства кои живеат постојано на територијата на општината а од оваа учебна година и по 3.000 денари за секое прваче.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава