Македонија
Маврово Ростуше го прослави Денот на општината
На пригодна свеченост со културно-уметничка програма и доделување на благодарници, Маврово Ростуше го одбележа Денот на општината, 4-ти мај. Настанот се одржа во спорската сала „Македонија“ во Ростуше.
„Нашата општина е една од најмладите и најперспективни општини која интензивно се развива. Со заедничка соработка на локалната самуправа со жителите и сонародниците во дијаспората, општината ќе добие лик на модерна европска општина, атрактивна туристичка и бизнис дестинација.“, рече својот говор пред присутните, градоначалникот Медат Куртовски нагласувајќи дека во иднина ќе бидат насочени кон подобрување на инфраструктурата, водоснабдувањето, условите за образование.
Денот на општината беше искористен како повод за доделување на благодарници на поединци и фирми, како знак на благодарност за соработката и поддршката.
Благодарници им беа доделени на Самир Ајдини, директор на НП Маврово, Фатон Асани, директор на Агенцијата за управување со одземен имот, Роберт Бекировски, директор на Агенцијата за Лекови. Мерита Алили, секретар на Црвениот Крст, Рефик Пајкоски, Командирот на ПС Ростуше и други. Благодарници добија и успешни ученици и најдобрите на општинскиот фудбалски турнир.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград