Поврзи се со нас

Гостивар

Маврово со потенцијал да стане светски позната дестинација за спортско качување

Објавено

на

Мавровскиот регион може да се претвори во атрактивна дестинација за авантуристите љубители на спортското искачување, заклучија учесниците на тркалезната маса на тема: Маврово – дестинација за спортско качување во подем, што се одржа во Трница. Средбата се организираше со цел размена на искуства и информации во однос на досегашните активности и инвестиции од различните засегнати страни за развој на активниот туризам во земјава, со посебен осврт на спортското качување.

„Целиот национален парк има огромен потенцијал за привлекување авантуристи од целиот свет. Насоките на кои што работат се идеални, тешки и сигурно ќе ги привлечат најдобрите светски качувачи, а тоа ќе придонесе НП Маврово многу брзо да прерасне во светски позната дестинација. Членови на Француската качувачка федерација, заедно со неколку домашни спортски качувачи, во близина на месноста Криви Мост веќе една недела работат на поставување на нови насоки за качување. Француските спортски качувачи ги придружува и главниот уредник на реномираното француско списание Grimper, кој работи на промотивна репортажа.“, информираа од НП Маврово.

Тркалезната маса се реализираше со претставници од: Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, и Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија, во соработка со Македонска Спортско Качувачка Федерација.

„Даваме целосна поддршка на сите активности кои во моментов се спроведуваат. И во иднина ќе бидеме отворени за ваква соработка со сите оние кои имаат цел да го промовираат и афирмираат НП Маврово како светска туристичка дестинација.“, изјави директорот на НП Маврово, Самир Ајдини.

 

фото:НП Маврово

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена