Поврзи се со нас

Македонија

Мавровско – Наместо во контејнерите, ѓубрето се фрла околу нив

Објавено

на

Несовесни граѓани на подрачјето на мавровскиот регион, ја нагрдуваат глетката и ја загадуваат околината со расфрлање на ѓубрето околу контејнерите, наместо да го оставаат во нив. На повеќе локации поставени се нови контејнери со капак, но жителите и викендашите почесто одбираат да го фрлат своето кесе отпад надвор од контејнерот, отколку да го подигнат капакот.

Вработените во комуналното претпријатие често се соочуваат со таков проблем, и објаснуваат дека контејнерите остануваат празни, додека околу нив има куп ѓубре.

„Навистина е несфатливо зошто некој наместо да го отвори контејнерот и да го фрли ѓубрето внатре, како што треба, го остава надвор. Апелираме до сите, да покажат повисока еколошка свест и да не го прават тоа повеќе.  Исто така, упатуваме апел да се користат специјално наменетите контејнери за пластични шишиња, лименки и стакло кои ги обезбедивме и да се врши селекција на отпадот. Сетоа тоа е за почиста и поздрава животна средина во овој регион, кој има непроценливи природни убавини“, вели директорката на ЈКП „Маврово“ , Александра Матеска.

Изминатиот викенд, претпријатието во соработка со НП Маврово и Општина Маврово Ростуше, организираше голема акција за чистење на сметот околу Мавровското Езеро.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 минути

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 54 минути

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена