Вести
Маж ја истепал сопругата – завршил во полиција
Случај на семејно насилство регистриран во долнореканското село Жировница. Четириесет и седумгодишно лице ја нападнало својата сопруга, по куса вербална расправија во нивниот дом. Како што наведуваат од Секторот за внатрешни работи, мажот и жената подолго време имале нарушени брачни односи, што кулминирало вчера попладне.
Брачните партнери почнале караница, при која сопругот со нога ја удрил 33 годишната жена по главата нанесувајќи и видливи повреди на лицето и носот. Повредената, најпрво била пренесена во Здравствениот дом Ростуше, а по укажаната лекарска помош таму, била префрлена во дебарската болница.
По пријавување на случајот, насилникот бил лишен од слобода и задржан за натамошна постапка во Полициската станица Гостивар. По целосното расчистување на случајот, ќе се соочи со соодветна пријава.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград