fbpx
Поврзи се со нас

Вести

Маж од Градец ги тепал сопругата и синот

Објавено

на

Семејно насилство регистрирано во селото Градец, општина Врапчиште. Насилникот бил задржан во Полициската станица во Гостивар.

Како што стои во информацијата од Секторот за внатрешни работи, настанот го пријавила жената-жртва, на возраст од 48 години. Според нејзиното кажување, 52 годишниот сопруг, по куса меѓусебна вербална расправија, неколку пати ја удрил со тупаници по лицето. Тој се нафрлил и врз синот, кој се обидел да и` помогне на мајката.

По пријавување на случајот, мажот бил лишен од слобода. Најпрво му била укажана соодветна лекарска помош, а потоа бил задржан во полицијата за целосно расчистување на случајот.

Според изјавата на сопругата, тој подолго време се соочувал со психички проблеми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!