Гостивар
Мечувањето заживува во Гостивар: Клубот „Витез“ со успех на турнири, во тек се уписи на нови членови

Првиот и единствен мечувачки клуб во Гостивар „Витез“ по неполна година од формирањето стигна до учества и солидни резултати на повеќе натпреварувања. Клубот со школа за мечување, функционира под водство на Сашо Ристоски, лиценциран тренер за меч.
Во јуни на Меѓународниот турнир „Солидарност“ во категорија – U14, машки, Јован Алексоски освои 2 место (сребрен медал), а Лука Терзиски беше седмопласиран. Во категоријата – U14, женски, Ања Андрееска го освои 6-то, додека Сара Алексоска 12-тото место. Во категоријата – јуниори, женски беа освоени два медали и тоа Ера Сулејмани – 2 место (сребрен медал) и Ана Марија Адамоска – 3 место (бронзен медал).
Претходно во мај на Сениорското државно првенство клубот „Витез“ екипно во женска категорија (Настасја Ристоска, Ера Сулејмани, Ана Марија Адамоска) освои бронзен медал. Во категорија сениори, мажи Сашо Ристоски беше на 9-то, додека Денис Алију на 17-то место.
На Меморијалниот турнир „Владимир Шуманов“ во март годинава, Настасја Ристоска се закити со сребро во категоријата жени, сениори.
Како што информираат од клубот, Школата за мечување почнува со работа од 4-ти септември, а уписите на нови членови се во тек.
„Сите што се заинтересирани да бидат дел од школата, без оглед на возраста, може да ме исконтактираат на 078-801-103 и да се пријават. Како што и се докажа преку нашиот клуб „Витез“ може да стигнат до турнири, до успеси и до нови искуства. Часовите ќе се одржуваат три пати неделно во времетраење од час и половина.“, вели тренерот Ристоски, кој ја претставувал Македонија во мечување на турнири во Турција, на Европски првенства во Полска и Србија, на Светско во Кина, на Светски куп во Италија…
Школата за мечување ги организира часовите во сала во основното училиште „Единство“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог