Гостивар
„Медена земја“ повторно ќе се прикажува во Гостивар
Македонскиот документарен филм со две номинации за Оскар, „Медена земја“ по втор пат ќе се прикажува во Гостивар. Во понеделник (27 јануари) во Центарот за култура АСНОМ закажани се две проекции, со почеток во 18 и во 20 часот.
„Медена земја“ (Honeyland) ја раскажува приказната за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на Земјините ресурси.
Филмот, во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, триумфираше со три главни награди на престижниот американски фестивал Sundance, се прикажува ширум светот и доби одлични рецензии од Ролинг стоун магазинот, Вокс, Холивуд репортер и други.
Билетите за прикажувањето на филмот во Гостивар чинат 100 денари.
Премиерата на филмот пред гостиварци беше лани во октомври.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар