Гостивар
Меџити и Лимани на средба за инфраструктурните проекти во Гостивар

Инфраструктурните проекти во Гостивар кои се во тек на реализација и оние кои се планирани беа во фокусот на денешната средба меѓу вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и градоначалникот Ваљбон Лимани.
„Проектите кои ги реализираме во Гостивар, како и во другите општини, не се краткорочни решенија, туку долгорочни стратегии за подобрување на животниот квалитет,“ изјави во оваа прилика Меџити.
Градоначалникот меѓу другото најави дека Општина Гостивар на следниот повик на Владата за финансирање ќе аплицира со 40-тина проекти.
„Разговаравме за сите проекти во доменот на инфраструктурата за Гостивар и за тие што се во тек, но и тие кои планираме да ги реализираме во 2025-та кои се и во Програмите на Министерството за животна средина, но кои се и во склоп на Владата. Исто така, ги кажавме и нашите планови за вториот повик на Владата за што ќе се подготват над 40-тина проекти, што се надевам дека ќе помогне во креирање на подобри услови и подобра инфраструктура“, кажа Лимани.
На средбата беше истакнато дека еден од клучните проекти е изградбата на фекален колектор и канализација за Урбан блок 21 во Гостивар, за кој се обезбедени повеќе од 87 милиони денари во 2024 година. По потреба за пресекување на канализациона линија со железничка пруга и пат, обезбедени се дополнителни 35 милиони денари за завршување на проектот.
Општина Гостивар е вклучена и во проектите финансирани од Европската инвестициска банка. Во 2025 година ќе започне изградбата на резервоар за Чегране и нова водоводна линија, како и проект за селекција на отпад и набавка на камиони за транспорт на отпад.
„Со овој проект ќе се набават 3.300 канти од 120 литри и 210 контејнери, како и 11 камиони за транспорт на отпад,“ изјави Меџити.
Во рамките на програмата за капитални дотации, за 2024 година општината ќе добие над 161 милиони денари за реконструкција на улици и подобрување на патната инфраструктура.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо