Зимскиот распуст во училиштата во Гостивар се користи за комплетирање на проекти кои треба да ги подобрат условите за настава. Средношколците оваа учебна година наставата ја следат онлајн, но кога ќе се вратат во училишните клупи ќе имаат подобри можности за учење, особено во практичниот дел.
Медицина веќе се поднови со кабинети за практична настава, библиотека и канцеларија за професорите, додека во гимназијата во тек е процедурата за целосно реновирање на 4 кабинети.
„Среќен сум кога ќе видам дека се подобруваат условите во училиштата. Новиот директор за три месеци успеа да реализира нов кабинет за практична обука на здравствената заштита, нов кабинет за забни техничари, библиотека, нови канцеларии за наставници и за педагошката и правна служба. Ходниците пак, се украсени со мурали“, рече при денешната посета на училиштето, градоначалникот Арбен Таравари.
Што се однесува до кабинетите во гимназија, тие ќе бидат наменети за предметите, хемија, физика, математика и биологија. Нивната реконструкција и опремување ќе опфатат финансиска рамка од околу 4 милиони денари.
„Направивме неколку зафати, сменивме плочки во ходниците, поставивме лед светла и слично, а во тек е процедурата за реновирање на четири кабинети, што се многу потребни за нашето училиште, на кој проект максимално ќе се посветиме следниот период“, рече Мирсад Исеини, директор на гимназијата во Гостивар.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK