Поврзи се со нас

Колумни

Медиумите да бидат бескомпромисни борци против корупцијата, а не нечии валкани играчи!

Објавено

на

Корупцијата како патолошки феномен во општеството (особено во модерното), да се стават сопствените потреби над се‘, повлекува со себе низа неморални и штетни последици. За жал, присутна е во сите пори на живеењето, а и новинарството не е поштедено, со посебен акцент на интернет медиумите, кои во денешно време заземаат значителен дел од медиумскиот простор.

Во С. Македонија, која според Пописот 2021 има над 1.800.000 резидентни жители, функционираат околу 200 дигитални медиуми, а истражувањето спроведено во рамки на проектот „Етиката во медиумите и корупцијата“ на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), укажува дека речиси 80% од популацијата се информира од интернет. Ова треба да се гледа како јасен показател дека онлајн медиуми играат важна улога во формирањето на јавното мислење. Меѓутоа, нерегулираноста на тој информативен простор, непочитувањето на основните етички принципи во новинарското известување, потценувањето на професионалните новинари и ред други девијации, создаваат своевиден хаос, што отвора голема врата за коруптивност.

Би се задржала на делот за непрофесионалноста и „матноста“ на голем дел од интернет порталите во земјава, за кои не се знае ниту кој е сопственик, ниту кој е уредник, најмалку  кој ги пишува текстовите (немаат објавено импресум, не покриваат настани на терен, најголем дел од содржините им се копи-паст, не се испочитувани основните критериуми на постоечкиот Регистар на професионални онлајн медиуми како транспарентно сопствеништво, објавен импресум, почитување на стандардите на Кодексот на новинарите, Повелбата за етичко известување за избори и Статутот на СЕММ…). И покрај тоа, на еден или друг начин, со сензационалистички наслови, бомбастични објави, украдени содржини, успеале да стигнат до читателската публика и станале извор на информирање. Сметам дека корупцијата најчесто е присутна токму во ваквите онлајн медиуми, заради фактот што не сносат никаква одговорност, лесно може да протуркаат нарачан текст за што добиваат финансиски средства или имаат некаква друга корист и да тераат нечија агенда, без притоа да се запази минимум журналистички стандард. Постојат и примери кога едно лице или фирма отвораат неколку такви сомнителни портали наменски, за преку нив да вртат пари во предизборни кампањи. Сетоа тоа е погазување на сржта на новинарството, кое треба да значи лојалност кон читателот и ништо поинаку. Како што лекарот мора да биде во служба на пациентот, учителот да се посвети на ученикот, родителот да се грижи и да го воспитува детото…

Време е да се запрашаме: Како да се исчисти онлајн медиумскиот простор, кој е толку загаден од квазиновинарство, да во јавноста веќе е заматена претставата за она вистинското?! Во морето секакви медиуми, граѓаните честопати тешко распознаваат дезинформација, пропаганда, сервирани ставови, објавени само и единствено за сопствена материјална корист. Првенствено – саморегулација!. Меѓутоа и институционално воведување на некаков вид на контролни механизми, кои не би задирале во слободата на информирање, но би реагирале во случаи на прекршување на стандардите и професионализмот. Во спротивно, последиците ќе бидат уште поголеми, а ги трпиме сите!

Секако, финансиите се болна точка за сите медиуми, вклучително и оние кои го исполнуваат интернет медиумскиот простор. Факт е дека обезбедувањето на финансиска независност е тежок пат и таа борба за опстанок може да подразбира ограничување на темите што се обработуваат, фаворизирање нечија страна за интерес, односно добра подлога за корупција. Оттаму, цврсто верувам дека е неопходна поддршка за зајакнување на медиумските капацитети за маркетинг, подобро и полесно да стигнуваат до реклами, како и формирање на Фонд преку кој би се добивале одредени финансиски средства за креирање квалитетни и професионални содржини. Но, притоа да се разграничи кои онлајн медиуми достигнале и држат професионално ниво, со што би ја заслужиле таа помош и поддршка.

На крај, медиумите треба да бидат бескомпромисни гласноговорници и борци против корупцијата, а не нечии играчи вплеткани во нејзината валкана мрежа. Тешко е, но не е невозможно, да се следи новинарската мисија, да се биде гласот на народот, оти само и единствено слободни медиуми значат слободно општество!.

Љупка Антеска


Oвој новинарски текст/новинарска сторија е подготвен од авторот Љупка Антеска ангажирана од Советот за етика во медиумите во Македонија со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој новинарски текст/новинарска сторија му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.
Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 недели

Го соблекле, му го пребарувале возилото и заминале…несекојдневен случај во гостиварско

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена