Гостивар
Медиумскиот клуб од гостиварското економско училиште во посета на Gostivarpress.mk
Ученици од средното економско училиште во Гостивар, кои членуваат во училишниот Медиумски клуб денес беа во посета на Gostivarpress.mk.
Клубот функционира од неодамна, а е формиран како резултат на вклучување во проект за медиумска писменост за млади на Македонскиот институт за медиуми (МИМ).
„Откако нашата апликација за медиумски клуб беше прифатена од МИМ, поминаваме неколкудневна обука и го формиравме клубот. Во клубот членуваат ученици од прва до четврта година на македонски, албански и турски наставен јазик. На почетокот секоја нова работа учениците ја доживуваат како тешка и страшна, но кога ќе видат што се работи и дека е интересно, имаат слобода да го кажат своето мислење, тогаш со задоволство учествуваат и сакаат да работат во овој медиумски клуб.“, објасни професорката по македонски јазик, Габриела Петроска, координатор на клубот, додавајќи дека во план е децата да работат на креирање информативна веб страница за објавување на нивните статии:
„Планираме да објавиме веб-весник или блог за нашето училиште, каде учениците-новинари ќе објавуваат информации и интересни статии за она што се случува во училиштето, но и надвор од него на теми кои се интересни за младите.“
Средношколците при посетата имаа можност да се запознаат со основите на новинарството, да слушнат искуства од прва рака за предизвиците на оваа професија, модерните текови во медиумите и нивниот развој, распознавање на лажни вести, како и да добијат корисни совети за пишување текстови, правење новинарски фотографии, разработување теми и слично.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди