Поврзи се со нас

Македонија

Медиумските здруженија реагираат: ДИК нема право да наметне медиумско претставување за референдумот

Објавено

на

– Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕЕМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) го осудуваат начинот на кој Државната изборна комисија (ДИК) ги толкува последните измени и дополнувања на Изборниот законик во врска со медиумското претставување за референдумот за името.

Во соопштението организациите потсетуваат дека последните измени и дополнувања на Изборниот законик, со кои се озакони политичка пропаганда во медиумите платена од парите на граѓаните, се однесуваат само на организирање изборни кампањи, а не и на организирање референдуми.

ДИК, како што се наведува, нема законска надлежност да ги толкува законите, додека појаснувањето на Комисијата за медиумското претставување за референдумот е паушално, без законска основа и ги дискриминира учесниците на референдумот.

– Нејасно е од каде ДИК извлекува право на Собранието на Р. Македонија, како организатор на референдумот да му даде приоритет во медиумското претставување, во споредба со останатите учесници на референдумот. Собранието не само што добива привилегиран пристап до медиумите за политичката пропаганда за референдумот, туку и трошоците за пропаганда ќе бидат платени од јавни пари, се посочува во соопштението.

Другите учесници во кампањата, како што се потенцира, за референдумот не само што ќе имаат ограничен пристап до медиумите за пропаганда, туку и трошоците за огласување ќе мора да ги сносат сами. – Ваквото паушално појаснување може сериозно да го загрози легитимитетот и легалитетот на референдумот и затоа ДИК треба веднаш да го повлече, се посочува во соопштението. ЗНМ, ССНМ, СЕЕМ, МИМ и ИКС ги повикуваат медиумите да не дозволат да бидат вовлечени во оваа, како што се наведува, политичка манипулација.

– Ако денеска дозволат некој да им наметнува правила како треба да се огласува во нивните медиуми, утре ќе им кажуваат и како треба да известуваат, се посочува во соопштението.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена