Македонија
Меѓународен ден на медицинските сестри, клучни во унапредување на здравјето и спречување болести

Денешниот датум, 12 мај се одбележува како Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари, а е востановен во знак на сеќавање на роденденот на Флоренс Најтингеjл. Таа е родена во Фиренца,Италија на 12 мај 1820 година. Целиот свој живот се борела за унапредување на својата професија и правата на жените. Флоренс Најтингеjл се смета за пионер на модерното сестринство во светот, дала придонес во промовирањето на графичкото претставување на статистички податоци, иницирала стручно образование на медицинските сестри и вовела методи за нега на пациенти и организација на болници, кои се прифатени во многу земји.
Во склоп на Меѓународната недела на сестринството, на 5 мај се одбележува Меѓународен ден на акушерките, а на 12 мај Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари. Скоро 50% од здравствените работници се медицински сестри и акушерки.
Неделата на сестринството, а денеска и Меѓународниот ден на медицинските сестри, овие медицински работници ја дочекуваат во исклучително тешки и вонредни услови, предизвикани од пандемијата на Ковид-19. Се чини дека тоа досега не беше соодветно нотирано и валоризирано. Новиот вирус можеби најсилно до сега ја изнесе на виделина нивната огромна улога и пожртвуваност. Медицинските сестри играат клучна улога во унапредувањето на здравјето, спречувањето на болести и обезбедувањето примарна здравствена грижа. Тие обезбедуваат нега во постапување при итни случаи и ќе бидат клучни за постигнување на универзална здравствена заштита.
И покрај критичната улога што ја играат во здравствената заштита, постои недостиг од медицински сестри ширум светот кој се очекува да се зголеми како што расте популацијата. Иницијативите за проширување на здравствените услуги, особено во земјите со низок и среден приход, ја поттикнува потребата од обучени медицински сестри. Секоја земја има потреба од компетентна, мотивирана,добро дистрибуирана, здравствена работна сила за универзално здравствено покривање, а медицинските сестри се клучни за реализација на овие напори.
Медицинските сестри и акушерките сочинуваат речиси 50% од глобалната здравствена работна сила.Сепак, тие претставуваат и 50% одглобалниот недостиг на здравствени работници. На светот му требаат 9 милиони повеќе медицински сестри и акушерки доколку сака да постигне универзално здравствено покритие до 2030 година. Во повеќето земји медицинските сестри и акушерките го сочинуваат најголемиот дел од клиничката здравствена работна сила. Постигнувањето на целта за здравствена заштита за сите ќе бара огромни напори за да се намали недостигот на здравствени работници ширум светот.
извор:Институт за јавно здравје
Отворени огласи за вработување:

Шест месеци научници напојувале компјутер со помош на алги

Куче скитник нападнало гостиварец

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

СЗО: Мајмунските сипаници во развиените земји веројатно се ширеле на две забави преку секс

Нападнат малолетник во гостиварско Чегране

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Заврши сезоната за КК Гостивар, годинава на 5-тата позиција

Пронајдена дрога, приведени пет лица во Гостивар

Во Гостивар приведено лице за издржување затворска казна

Државни субвенции за рурален туризам

Делегација на СПЦ преводена од патријархот Порфириј во посета на МПЦ-ОА

Високи температури и повремена нестабилност на времето во деновите што следат

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Седум години непребол-Вечна слава на хероите Ненад и Горан

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Лукаревска во посета на гостиварската фирма Прогрес 1998

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Во Гостивар ќе се постави спомен плоча на загинатите во несреќата од 13 февруари
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?