Поврзи се со нас

Вести

Меѓународен ден на театарот, празник на магичниот свет на сцената

Објавено

на

На денешен датум, пред 56 години, светот за прв пат го одбележа Светскиот ден на театарот. Иницијативата била покрената на деветиот Светски конгрес на Интернационалниот Театарски Институт на УНЕСКО во јуни 1961 година, а од наредната година 27 март, се слави како Меѓународен ден на театарот. Тогаш во Париз била отворена сезоната на „Театарот на нациите“.

Секоја година се пренесуваат интернационални пораки, кои се преведуваат на повеќе од 20 јазици и им се читаат на гледачите пред претставите во театрите ширум светот. Автор на првата порака во 1962 година бил францускиот писател, сликар и режисер Жан Кокто. Годинава, има четири светски пораки кои ги напишаа: Сајмон МекБарни, театарски и филмски режисер од Велика Британија,  Маја Збиб, театарска режисерка од Либан, Рам Гопал Баџаџ, театарски режисер, театарски и филмски актер, академик од Индија и Вере Вере Лајкинг Гнепо, мултидисциплинарен уметник од Брегот на Слоновата Коска.

Македонската порака ја напиша актерот Сашко Коцев. Пренесуваме дел од неа:

„Колкава е моќта на театарот, каде треба да цели и кој е неговиот краен домет? Како што се тврди дека патриотизмот е последното прибежиште на ништожниците, тогаш одговорно тврдам дека хиперболизирањето на значењето на театарот, односно неговото непотребно мистифицирање или патетизирање е последното прибежиште на неталентираните. Токму затоа сметам дека е нужно потребна негова демистификација. Светскиот ден на театарот е одличен повод токму ние, театарските дејци, да ги симнеме маските ставени на нашите лица и да проговориме за вистината. Да се навратиме, да се потсетиме или да ги освестиме базичните мотиви кои нѐ натерале да се бавиме со оваа професија“.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 3 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 4 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 5 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 6 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 19 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 24 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена