Вести Гостивар
Викендов во Маврово ќе се одржи меѓународна изложба на кучиња „ЦАЦИБ Маврово 2019“

Викендов во прекрасното Маврово, на 20 и 21 јули, на спортските терени под Бистра, ќе се одржи 12-та меѓународна ЦАЦИБ изложба на расни кучиња, 6-та по ред во Маврово „ЦАЦИБ Маврово 2019“.
Настанот е во организација на Кинелошкото друштво Скардус од Гостивар, а во соработка со Кинелошкиот сојуз на Македонија.
„Утре и во недела на изложбата ќе има повеќе од 50 раси на кучиња, ќе учествуваат излагачи од 11 земји. Годинава имаме учесник и од Хабаровск, Русија, град кој се наоѓа на Руско-Кинеската граница и учесникот и неговиот миленик ќе преминат 22.000 километри за да учествуваат на ЦАЦИБ Маврово 2019. Изложбата е организирана во два дена. Во сабота со почеток од 15.00 и во недела од 10.00 часот. Сабота после завршувањето на првиот ден од изложбата, за сите учесници организирана е забава и дружење во Гламур во Маврово,“ изјави Миле Алексоски од Скардус од Гостивар.
„ЦАЦИБ Маврово“ годинава се наоѓа и на мапата на Балканската тура 7хЦАЦИБ. Судии на годинешната изложба ќе бидат: Ненад Мариќ и Душан Пауновиќ од Р.Србија, Владо Пискај од Словачка и Мишо Костоски од Македонија.
Кинелошкото друштво Скардус од Гостивар, постои од 1996 година и е едно од најреспектабилните кинолошки друштва во државава. Со многу учества на кинолошки манифестации низ светот.
Организаторот ги повикува сите љубители на кучиња да дојдат во Маврово на дружење, забава и промоција на убавината на кучето.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја