Здравје и убавина
Меѓусебното разбирање како клуч за успешна врска

Љубовта е основата на секоја врска, но има уште еден многу важен услов за здрава и среќна врска, вели психологот Џефри Бернстин од Универзитетот на Олбени во американската сојузна држава Њујорк за „Сајколоџи тудеј“ (Psychology Today).
- Разбирањето на Вашиот партнер е она што e навистина важно во врската. Сфаќањето на емоциите, желбите и фрустрациите на Вашиот партнер е исто толку важно, ако не и поважно од самата љубов. Во случаи на развод, честопати ги слушам паровите како велат: „Сè уште се сакаме, но се оддалечивме“… Таа изјава ја нагласува клучната точка: Љубовта без разбирање често не е доволна за да се одржи врската. Во мојата книга „Зошто не можеш да ми ги читаш мислите?“ (Why Can’t You Read My Mind?), истражувам како емпатијата, т.е. способноста да се разберат емоциите на партнерот, делува како емоционално сврзно средство коешто ги одржува врските, објасни Бернстин.
Тој појаснува дека почитта, сочувството и меѓусебното разбирање овозможуваат искрена поврзаност меѓу партнерите. Кога ги разбираме мислите и чувствата на партнерот или партнерката, ги потврдуваме неговите/нејзините искуства и создаваме безбедна средина којашто поттикнува поголема блискост и подлабока комуникација меѓу двајцата.
- Тоа истражување ја потврдува моќта на разбирањето во врските. Паровите кои практикуваат активно слушање и емпатична комуникација пројавуваат поголемо задоволство од врската. Емпатијата и разбирањето се најсилните показатели за долгорочен успех во врските, нагласувајќи дека разбирањето е основата на трајната љубов, посочува психологот.
Стручњакот сподели неколку совети за подобро разбирање на другиот во врската. Тоа се: Вежбајте активно слушање; разговарајте со сочувство; бидете трпеливи, но упорни; ставете се во неговото/ нејзиното место и положба; поставувајте отворени прашања.
Според Бернстин, меѓусебното разбирање е клучен елемент на успешната врска, бидејќи емпатијата и комуникацијата создаваат подлабока емотивна врска којашто им овозможува на партнерите да го зајакнат својот однос дури и во најтешките мигови.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос