Култура
Меморијал во чест на иконописецот Дичо Зограф викендов во Тресонче
Во малореканското село Тресонче, денес и утре (31 август и 1 септември) се одбележуваат 200 години од раѓањето на најпознатиот македонски иконописец Дичо Зограф. Меморијалот во негова чест ќе опфати повеќе културни и спортски настани и активности, а го организира здружението на граѓани „Брзовец“.
Програмата започнува денес во 10 часот, со трка во планинско трчање „Бистра Trail Run 2019″, додека во 11 часот во црквата Св.Петар и Павле ќе биде организирано чествување на Дичо Зограф. Потоа следува пригодна свеченост под покровителство на Општина Маврово и Ростуше и отворање на Меморијален парк, спомен чешма и спомен соба.
Утре од наутро се организираат планинарски тури по Бистра – „Bistra Adventure 2019“: голема тура по падините на Бистра, мала тура до Гари и Лазарополе, мала тура до Галичник.
Димитрија Крстев(иќ), познат како Дичо Зограф е роден 1819-та година во Тресонче. Важи за еден од најзначајните мајстори на Мијачката школа и еден од најпознатите македонски зографи во 19 век. Основите на зографскиот занает ги совладал во манастирот „Св Јован Бигорски“, а негово најрано познато дело е иконата „Богородица Пантохора“ во црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид, од 1844 година.
Дичо Зограф во текот на својот животен век, создал импресивен опус од над 2.000 дела за потребите на православните цркви во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Грција.
фото: фејсбук Тресонче
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар