Поврзи се со нас

Македонија

Мерки поради епидемијата на морбили: Дополнителна вакцинација, забрана за невакцинирани деца во градинка…

Објавено

на

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата на Министерството за здравство, според која на предлог на Комисијата за заразни болести е донесена одлука за прогласување епидемија на мали сипаници на цела територија на земјава.

„Согласно постапката за вакви ситуации донесени се и соодветни препораки кои предвидуваат строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на невакцинирани деца со МРП на територија на цела држава, како и почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на клиниките за инфективни болести и педијатрија и да се намали стапката на интра-хоспитално ширење на инфекцијата. Препораките предвидуваат сите невакцинирани здравствени работници кои се во директен контакт со пациенти (особено педијатри, инфектолози и гинеколози) задолжително да бидат вакцинирани со две дози на МРП. Како посебно важна препорака се нагласува потребата од интензивирање на мерките за вакцинирање на невакцинирани деца преку спроведување на кампањи за вакцинација и теренски активности за промоција на вакцинацијата спроведени од Центрите за јавно здравје и надлежните служби од Здравствените домови, и да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14 а помлади од 45 години.“, наведуваат од владината прес служба.

Во информацијата за епидемијата на мали сипаници се наведува дека овие активности особено треба да се засилат во градовите вон Скопје.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена