Поврзи се со нас

Македонија

Мерки за штедење струја, нема рестрикции, ќе се зголемува производството

Објавено

на

Мерки што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто ќе стапат во сила од 1. следниот месец. Одлуката ја донесе Владата вчера на седница и со неа за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија. На наредната владина седница треба да биде донесена и одлука за прогласување кризна состојба во енергетиката. Засега нема најава за рестрикции на струја, а од Владата најавуваат зголемување на производството.

-Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост, рече вчера на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не пониско од 27 степени и греење на не повисоко од 20 степени, исклучување на компјутерите по работата, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од задолженијата за државните институции.

На домаќинствата им се препорачува вклучување бојлер само кога има потреба од топла вода и по можност на евтина струја, разумно користење на грејните тела, рационална употреба на сијалици и користење повеќе дневно светло, изолирање на таваните, надворешните ѕидови и прозорците,…

За бизнис заедницата укажувањата се: да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина, рационално греење и ладење со клима уредите, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, инсталирање интелигентни системи за управување во електромоторните погони, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, примена на нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки,…

Ако не се постигне целта за 15 проценти заштеда на струја, Бектеши најави дека ќе следуваат санкции за раководителите на институциите согласно со етичкиот кодекс.

На 15.ти секој месец, почнувајќи од септември, сметките за струја на државните институции ќе бидат јавно објавувани. Целта е, не само граѓаните да имаат увид во потрошувачката, туку и да се знае дали се испочитувани владините задолженија за заштедата. Извештаите на институциите за потрошената електрична енергија ќе ги објавува Министерството за економија.

Најавената кризна состојба за електрична и за топлинска енергија ќе важи во текот на наредниот месец. Регулативата предвидува кризата состојба да трае 30 дена, поради што во меѓувреме, до Собранието ќе се испрати барање за продолжување на кризната состојба до крајот на грејната сезона и тоа да ја донесе одлуката.

Како што најави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, со планот за производство на АД ЕСМ се предвидува од ноември да профункционираат трите блока во РЕК Битола. Годинава ќе се направи обид да не се прават класични ремонти со застои од 30, 60 или 90 дена, туку тие да се вршат во периоди кога ќе има намалување на снагата, односно простор за санација. Сите вработени, информира Ковачевски, се во функција, а ремонтни активности се извршуваат во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, но се прават и технолошки активности за санација и подготовка на ископите на јаглен.

АД ЕСМ, соопшти директорот, работи со максимален капацитет согласно моменталните можности на електраните и на нашите ресурси и целосно исклучиво од наше сопствено домашно производство ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН хоум за граѓаните и малите потрошувачи, односно не набавуваме електрична енергија од увоз, туку набавуваме само јаглен и мазут за производство на струја со кои ќе го зголемиме производството во грејната сезона.

Според Ковачевски, моментно има производство на електрична енергија од два блока во РЕК Битола, еден котел во ТЕЦ Неготино, хидропроизводство, производство на енергија од ветер и од сонце со што, како што рече, целосно се задоволуваат потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи, а ноќните вишоци од околу 50 мегавати се продаваат на слободниот пазар по берзански цени.

Во првите седум месеци од годинава ЕСМ произвело 2.194 гигават часови електрична енергија или за 15 проценти повеќе од истиот период лани кога беа произведени 1.914 гигават часови. Целиот план за производство на електрична енергија за годинава е направен со 20 процентно зголемување во однос на лани. Планот се реализира преку зголемување на ископот на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, како и со зголемен увоз на јаглен за термоелектраните во Битола и во Осломеј од соседните земји.ТЕЦ Неготино работи со еден котел согласно со потребите на ЕСМ, а се прават залихи од мазут за да се вклучи и вториот котел кога ќе има потреба.

-Залихата на депонија во овој момент изнесува околу 100 илјади тони јаглен, а месечно се набавува и по околу 50 илјади тони за зголемување на калоричноста на нашиот јаглен. Досега се набавени 550 илјади тони за РЕК Битола, а во тек е отворана набавка за уште 600 илјади тони. Во Живојно, пак, во тек се завршни активности околу документацијата и се прават технолошки активности и последни подготовки за отпочнување со експлоатација до крајот на годинава, информираше Ковачевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

ИСТРАЖУВАЧКА анкета

Следете нè и на Facebook

Спортпред 1 минута

КК Гостивар против Чаир 2030 ќе се обиде да се врати на победите

Гостиварпред 32 минути

Во Гостивар се подготвува Акциски план за лицата со посебни потреби, формирана е работната група

Македонијапред 4 часа

Аплицирањето за студентски стипендии завршува во понеделник

Македонијапред 5 часа

ЗНМ избира нов претседател

Македонијапред 7 часа

Магла на Стража

Здравје и убавинапред 7 часа

Можни причини за главоболка наутро

Занимливостипред 19 часа

Најстариот ресторан во светот работи речиси 3 века, печката никогаш не се гасне

Гостиварпред 23 часа

Средба на УЈП со жени претприемачки во Гостивар

Гостиварпред 1 ден

Во контроли на превозот на ученици во Гостивар и Тетово откриени 13 прекршоци

Гостиварпред 1 ден

Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон полициски службеници

Гостиварпред 1 ден

Лукаревска во посета на Центарот за аутизам во Гостивар, даночниците донираа опрема

Спортпред 1 ден

СП2022: Познати шест осминафинални двојки, се бараат уште две

Гостиварпред 1 ден

Приведена жена од гостиварско за издржување на затворска казна

Гостиварпред 6 дена

Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја

Гостиварпред 2 недели

Гостивар ќе има Центар за дијаспора, поддршка за иселениците и очекувања за инвестиции

Гостиварпред 1 недела

Приведен 20 годишник на патот Маврови Анови-Дебар, физички се пресметувал со брачен пар

Интервјупред 2 дена

ИНТЕРВЈУ со Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф по повод 10 години епископски чин

Гостиварпред 7 дена

Шествековната црква во Леуново заштитена од ризик, жителите горди и благодарни

Гостиварпред 2 недели

Гостиварци со 3-то место на Младинското екипно првенство во шах

Гостиварпред 1 недела

Секој заслужува радост! Донаторска акција во Гостивар за децата од Дневен центар и ранливи семејства

Гостиварпред 1 недела

Фудбалерите и ФК Гостивар во хумана акција за помош на загрозени семејства

Гостиварпред 2 недели

Пет лица уапсени во Гостивар заради бесправна градба на објект

Спортпред 2 недели

КК Гостивар без проблеми против Струмица за „шест од шест“

Вестипред 2 недели

Турски воздушни напади врз курдски позиции во Сирија и Ирак

Гостиварпред 1 недела

Нова фасада и прозорци во училиштето во Циглана

Гостиварпред 2 дена

Ќе има ли новогодишно украсување на Гостивар?

Гостиварпред 2 недели

Гостивар граду мој, во срце те носам – Свеченост во чест на 18 Ноември

Спортпред 4 недели

Каланоски со два погодоци го одлучи победникот во локалното дерби ФК Гостивар – ФК Арсими Чегране (2-0)

Спортпред 1 месец

КК Гостивар го „спакува“ и Работнички 87-76

Македонијапред 2 месеци

Св. Кирил Лешочки – Прв светец од Тетовско-гостиварската епархија (Фото)

Спортпред 2 месеци

(Фотогалерија) Празник на кошарката во Скопје – МЗТ го пречека Партизан 74-92

Гостиварпред 2 месеци

Три децении јубилеј на Глигоровски: Убавина со македонски фолклор и бура од емоции во Гостивар

Културапред 3 месеци

Со концерт на етно групата Синтезис во Гостивар почна чествувањето на Денот на независноста

Гостиварпред 4 месеци

Чествување на Преображение во Гостивар – Манастирот во Циглана срцето на прославата

Гостиварпред 4 месеци

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Гостиварпред 4 месеци

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 5 месеци

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 6 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена