Поврзи се со нас

Гостивар

Месец дена притвор за лицето кое ограби обложувалница во Градец

Објавено

на

Вчеравечер судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар му определил мерка притвор од 30 дена на 29 годишниот Б.Х. од Градец. Тој се сомничи дека на седми мај извршил разбојништво во спортска обложувалница во Градец и заканувајќи им се со остар предмет на вработените им одзел пари, а оштетил и дел од инвентарот во внатрешноста на објектот.

Набргу потоа, тој бил лишен од слобода од полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар и задржан во Полициската станица Гостивар. При лишувањето пронајдени му се одземените пари од обложувалницата. Тој ќе биде спроведен во Казнено поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена