Гостивар
Месноста Горна Ледина кај Велебрдо ќе биде модерен планински туристички комплекс

Планинарско излетничкото место Горна Ледина, во близина на селото Велебрдо ќе прерасне во атрактивен планинаско-туристички комплекс преку проект што ќе го реализира Националниот парк Маврово. Со проектот се предвидува изведба на Авантура парк и Зип-линија (zip –line) на локацијата.
Зафатите ќе се извршат со финансиска поддршка на Германското Друштво за Интернационална Соработка – ГИЗ – Скопје. Директорот на НП Маврово Самир Ајдини и директорот на ГИЗ Скопје Бенџамин Мор, го потпишаа договорот за спроведување на проектот насловен „Планински туристички комплекс – Горна Ледина“.
„Со овој проект кој е финансиран од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ во Скопје во партнерство со НП Маврово ќе се зголеми туристичката понуда во НП Маврово со промовирање активности кои ќе бидат атрактивни за посетителите, но исто така со цел придобивките од овој проект да ги почувствува и локалното население.“, соопштија од НП.
Ова е втор проект кој е финансиран од ГИЗ Скопје и од двете страни е истакнато дека соработката ќе продолжи и понатаму ќе се реализираат проекти за развој и унапредување на туризмот во НП Маврово.
Горна Ледина е излетничко место, опкружено со природни убавини, чист воздух, а на локацијата е изградена и куќичка на дрво.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар