Гостивар
Местото што Општина Гостивар лани „го светна“, пак е претворено во дива депонија
Несовесноста и ниската еколошка свест на поединци, за жал навистина можеме бескрајно да ја докажуваме со конкретни примери. Еден таков затекнавме во неделата (11 август) додека се упатувавме кон депонијата Русино, каде имаше избувнато пожар. Движејќи се по патот, од левата страна близу објектите на старата касарна, не` згрози глетка на планина од ѓубре. Создадена дива депонија на која е расфрлан секаков отпад, стар мебел, комунален смет, градежен шут. За смрдеата што се ширеше од ѓубрето изложено на пеколните температури, подобро да не зборуваме.
На истата таа локација ланското лето, Општина Гостивар заедно со гостиварските јавни претпријатија спроведе акција за чистење. Беа собрани 30 камиони со смет и местото беше темелно исчистено.
После една година, глетката таму повторно е поразителна: нова дива депонија со купишта отпад. Очигледно е дека мора да се подигне нивото на еколошка свест и одговорност кон животната средина, но се чини дека е време и за казнување на оние кои загадуваат, инаку последиците можат да бидат катастрофални.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник