Поврзи се со нас

Македонија

МФ: Новата методологија за пресметка на данокот на моторни возила ќе има влијание кај луксузните возила со поголема моќност

Објавено

на

Владата на седница денеска усвои измени на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила поради потребата од примена на нова методологија за пресметување на износот на издувните гасови од моторните возила, што е во насока на заштита на животната средина, исполнување на обврските од потпишаниот Климатски договор од Париз за намалување на нето-емисијата на стакленички гасови, како и усогласување со најновите ЕУ стандардите, соопшти Министерството за финансии.

Оттаму појаснуваат дека новата метода, која се заснова на мерење емисијата на издувни СО2 гасови во реална околина, претставува глобално усогласена постапка за испитување на нивото на емисија на јаглерод диоксид од моторните возила која е во задолжителна примена во ЕУ за сите новопроизведени возила од 2022 година, а истата овозможува подиректно поврзување на данокот на моторни возила со негативните екстерналии предизвикани од емисијата на CO₂ од возилата.

Со пропишување на оваа метода во РС Македонија, се овозможува новите патнички моторни возила да бидат соодветно оданочени, и тоа согласно вредностите на просечната емисија на CO2 изразени во потврдата за сообразност за ЕУ одобрување на возилото (Certificate of conformity-COC) според WLTP методата, укажува ресорното Министерство.

Како што прецизираат, со примена на пропишаните коефициенти за пресметка на специфичната компонента за CO2 на данокот на моторни возила се овозможува зајакнато оданочување со данокот на моторни возила на најголемите загадувачи, а кои спаѓаат во категоријата на луксузни патнички возила или многу стари возила кои се најмалку еколошки од аспект на загадување на животната средина. Целта е, според МФ, поттикнување на граѓаните и компаниите да инвестираат во набавка на возила кои исполнуваат повисоки еколошки стандарди, без оглед дали станува збор за набавка на нови или половни возила, и со тоа придонес кон декарбонизација на транспортот во земјата и намалување на загадувањето на воздухот.

-Согласно податоците со кои располага Царинската управа за увоз на патнички автомобили во земјава, новата Уредба нема да има негативно финансиско влијание кај купувачите на нови возила, освен за оние возила кои спаѓаат во категоријата на луксузни или т.н. премиум возила. Напротив, се очекува новата Уредба да изврши надолен притисок врз продажните цени на новите возила од ниска или средна класа. Што се однесува до половните патнички моторни возила, негативно финансиско влијание може да се забележи исто така кај возилата од полуксузните категории, како и кај многу старите возила. И во двата случаја – при набавка на нови или половни возила, Уредбата ќе се ефектуира врз износот на данокот на моторни возила кај возилата кои спаѓаат во групата на најголеми загадувачи со високи емисии на издувни СО2 гасови, а кои во земјава се увезуваат во помал број, стои во соопштението.

Според Министерството за финансии, процесот на подготовка на измени и дополнувања на Уредбата бил воден на транспарентен и инклузивен начин со одржување на консултации со претставници на Стопанските комори во земјата, од чија страна, како што велат, е изразена поддршка за усвојување на новата Уредба и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена