Поврзи се со нас

Македонија

Мицкоски бара Владата да го објави предлогот на својата веб страница

Објавено

на

ВМРО-ДПМНЕ го нема добиено модифицираниот француски предлог и бара од Владата да го објави на својата веб страница. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека според информациите со кои располагаат, модифицираниот предлог не е ништо друго освен два модофицирани збора различни од предлогот што циркулираше во изминатиот период во јавноста.

–  Овој модифициран предлог го немаме ниту видено, ниту истиот го имаме прочитано, но можеме да споделиме со јавноста дека врз основа на информациите со кои располагаме, тој не е ништо друго освен два модифициани збора различни од предлогот којшто циркулираше изминатиот период во јавноста и беше претставен како последен француски предлог, односно ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство, изјави вечерва Мицкоски по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека досега немаат добиено никаква покана, а според информациите што ги има, предлогот не бил поделен ниту на вечерашната владина седница.

– Она што најмалку требаше да го направи Ковачевски оваа вечер е да го закачи предлогот на веб-страницата на Владата на Република Македонија vlada.mk. Доколку таму го видиме предлогот, тогаш ќе можеме сите ние што сме овде собрани и сите оние коишто не се овде собрани, да го дадат своето мислење, бидејќи велат дека ќе има широка дебата. А имам информации дека дури и на седницата на Влада воопшто не бил поделен предлогот на министрите, односно членовите на Кабинетот на Ковачевски. Зарем не е тоа доволен основ да се сомневаме дека всушност имаме дипломатски нокаут и капитулација, рече Мицкоски.  

Симптоматично за Мицкоски, е тоа што францускиот предлог бил веднаш прифатен од страна на бугарскиот државен врв и тоа што албанскиот претседател Еди Рама знае дека предлогот е прифатлив за македонскиот народ.

– ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати решение штетно за народот и за иднината на Македонија, рече Мицкоски, додавајќи дека нема да прифати промена на Уставот со цел вклучувања на бугарските барања дури и по цена на неговата политичка кариера.

Црвените линии за партијата, како што посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се македонски јазик без условувања и без фусноти.

– Црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ се дека нема да прифатиме ниту во преговарачката рамка, ниту во било кој документ на ЕУ, македонскиот јазик да биде ништо друго освен македонски јазик, без никаква фуснота, без никакви унилателарни изјави, без никакви дополнувања, одземања или наддавања. Македонски јазик без условувања и без фусноти. Сето останато вклучително и некакви си протоколи, вклучително и Договор за добрососедство не може никако да биде дел од преговарачката рамка, рече Мицкоски.

Одлуката за најавените протести, како што изјави Мицкоски, е изменета со цел како партија да се фокусираат на решението.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 5 часа

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 8 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 9 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 10 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 12 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 13 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 15 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 16 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена