Македонија
Мицкоски го нарече Кастриот Реџепи „Современиот Амди Бајрам“

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред медиумите не сакаше да ги коментира последните случувања во законодавниот дом, каде седницата на која треба да се расправа и да се гласа за Иницијативата за доверба на Владата не може официјално да биде отворена и да биде изгласан дневниот ред, бидејќи нема кворум откако беше констатирано дека во салата нема доволен број пратеници.
Пратениците од владејачките партии СДСМ и ДУИ не присуствуваа во салата, а без нив и без Кастриот Реџепи од Беса, кој најави дека нема да учествува на собраниската седница, опозициските пратеници заедно со уште двајцата пратеници од Беса се 60.
Мицкоски информира дека досега бил на часови на факултет и оти на лице место ќе ја дознае вистината за тоа што се случило.
На прашање од ТВ 21 дали ќе се најде друг пратеник на местото на Кастриот Реџепи „кој се премисли“, Мицкоски само го спореди пратеникот со Амди Бајрам. – За современиот, нека му е лесна земја, Амди Бајрам ли, рече тој
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава