Вести
Мицкоски: Ја стабилизираме државата, во јули Царинска управа со рекорд од 12 милијарди денари приход, УЈП со 13,4 милијарди денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека за месец јули Царинската управа забележала рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приход, додека УЈП наплатила 13.4 милијарди денари.
„Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат. Има разлика. Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат. Директорот Бобан Николовски ме извести дека месец јули, Царинската управа бележи рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приходи. За истиот месец, Управата за јавни приходи со која раководи Елена Петрова наплати 13.4 милијарди денари што исто така е своевиден рекорд. Овие пари значат повеќе инвестиции за градинки, училишта, пристојно здравство“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Како што наведува премиерот, лесно може да се извлече заклучокот дека овие пари завршувале во нечии приватни џебови изминатите години.
-За брзо ќе дојде време да се даде одговор и на ова прашање. Со домаќинско и одговорно работење за повисок стандард и подобар живот, пишува Мицкоски на Фејсбук.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос