Македонија
Мицкоски: Ќе предложам активна блокада на Собранието

Суштината е како да излеземе од сегашната состојба и да ни биде на сите подобро и ценам дека како политичари треба да се фокусираме на тоа, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Затоа, посочи, не разбирам што се смени во овие 100 дена откако прво премиерот Димитар Ковачевски се фалеше дека закажал некаква средба со мене, а сега бега од неа заради моето барање за лидерска средба и за одредување датум за предвремени парламентарни избори.
– Владата не е решението за оваа национална катастрофа, таа е проблемот. Очекував барем малку да има одговорност во СДСМ и во услови на криза како политичари да генерираме единство. Ние утре ќе имаме седница на Извршен комитет и ќе предложам како прв чекор после 10 мај да има некаква активна блокада на македонското Собрание. Тоа ќе биде активна блокада на се, со исклучок на оние закони кои значат повисоки плати или некаква помош за граѓаните, рече Мицкоски во интервју за ТВ Сител.
Нагласи дека ќе и предложи на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се останато да биде блокирано во Собранието преку филибастеринг односно преку амандмани или преку активно говорење и на комисиските и на парламентарните седници.
-Најсреќни би биле инсталациите на СДСМ и Спасовски кои провоцираат дебата дека сите се исти да го напуштиме Парламентот и да го блокираме. Тогаш би поминало буквално се и никој не би почувствувал дека нешто не е во ред во Македонија, а дефинитивно не е во ред ниту на полето на економијата, ниту во здравството, нити во образованието, посочи Мицкоски.
Нагласи дека не се сите исти и додаде дека мора да бидат „внимателни, мудри и трпеливи и секој чекор што го прават да биде многу сериозно осмислен и да бидат антиципирани ризиците со недели однапред“.
-Се плашам дека доколку и овој пат избрзаме Македонија ќе ја има се помалку, а тоа повторно ќе биде на грбот на македонскиот народ. Затоа многу внимателно го предвидувам и анализирам секој чекор пред да излезам пред колегите од Извршниот комитет на партијата и да отвориме дебата за секоја наредна политика, рече Мицкоски.
Знам, додаде, дека многумина се нетрпеливи и не можат да го поднесат тоа што се случува денеска и затоа молам за трпение.
-Ќе си дојде се, а потоа сите заедно ќе го вратиме сето она што е изгубено во овие пет години како резултат на политиките на Владата предводена од СДСМ. Не сакам инсталациите на СДСМ и Спасовски да го контаминираат чистиот пркос на народот со нивните себични намери да ги сочуваат нивните фотелји и привилегии, рече Мицкоски.
Ги повика останатите политички партии кои не се задоволни од тоа што се случува во земјава и имаат неисполнети ветувања и неостварени очекувања, вклучително и помалите партии кои се во Владата да застанат зад, како што рече, општествениот пркос против Владата и да излезат надвор бидејќи е очигледно оти немаат намера да го исполнат нивното основно барање поради кое се во власта.
-Побарав општествена поддршка која подразбира и партиска, но и непартиска поддршка зашто од нашите активности на терен ја слушаме потребата на граѓаните за промени. Дефинитивно, граѓаните од нас очекуваат да промениме на подобро, потенцира Мицкоски и додаде дека на земјава и се потребни предвремени парламентарни избори за да се променат работите на подобро.
Отворени огласи за вработување:

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Заврши сезоната за КК Гостивар, годинава на 5-тата позиција

Пронајдена дрога, приведени пет лица во Гостивар

Во Гостивар приведено лице за издржување затворска казна

Државни субвенции за рурален туризам

Делегација на СПЦ преводена од патријархот Порфириј во посета на МПЦ-ОА

Високи температури и повремена нестабилност на времето во деновите што следат

И годинава ќе има ваучери за одмор за вработени со ниски примања

Сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција

Монаси од Света Гора во прва официјална посета на Бигорски манастир

Со законските измени во туристичките места ќе може да се работи и недела

КК Гостивар мора да го победи ТФТ во Скопје за пласман во Плеј-оф

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Седум години непребол-Вечна слава на хероите Ненад и Горан

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Лукаревска во посета на гостиварската фирма Прогрес 1998

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Во Гостивар ќе се постави спомен плоча на загинатите во несреќата од 13 февруари
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?