Поврзи се со нас

Македонија

Мицкоски: Консултациите за референдумското прашање одат кон она што го кажа Пендаровски

Објавено

на

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека консултациите со експертите и внатре во партијата за референдумското прашање „конвертираат“ кон она што го кажа и претседателот Стево Пендаровски. ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, е за задолжителен референдум.

-Многу блиску сме до таа содржина што тој ја кажа во јавноста и јас очекувам како што тој кажа во јавноста тој, доколку конвергира суштината на тоа референдумско прашање, Пендаровски да излезе јавно со став и да каже дека ќе излезе и дека ќе гласа заедно со своите соработници, нормално според своето убедување, дали треба да продолжиме под овие услови, под услови на диктат, или под некакви други услови како што мисли ВМРО -ДПМНЕ и некои други партии, рече Мицкоски по посетата на Петровец.

Мицкоски кажа дека очекува поддршка од претседателот Стево Пендаровски и ги повика сите политички партии, вклучувајќи ги партиите на Албанците во опозиција, како и од МАНУ, од универзитетите и од верските заедници.

Изрази подготвеност да се сретне и со претставници на Владата во врска со референдумското прашање или и на нова лидерска средба во Клубот на пратеници да разговараат и да го утврдат референдумското прашање.

-На следниот состанок на Извршниот комитет ќе излезам со позиција откако ќе завршат консултациите и со коалициските партнери бидејќи сакам да го слушнам и нивното мислење, многу значаен сегмент од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, да излеземе пред членовите на ИК и пред ЦК и во секое време и стоиме на Владата на располагање, вели Мицкоски.

Тој е убеден дека СДСМ и ДУИ сакаат референдумот да не успее од формално правен аспект односно да нема 50+еден глас од бројот на избирачи.

-Ние сме за задолжителен референдум. Нашата суштина е што е можно повеќе граѓани да излезат на референдум и да си го дадат својот глас. Доколку власта се одлучи да не го бојкотира и да не го попречува референдумот, јас сум убеден дека референдумот ќе биде успешен, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори во кој било термин што нема да се доведе во врска со референдумското изјаснување.

-Ние сме на ставот дека оваа Влада е исклучително корумпирана дека нема визија и дека треба да замине час поскоро, повеќе да не се повтори никогаш така што кој било термин кој никако нема да се доведе во врска со референдумското изјаснување е за нас добредојден. Подготвени сме да излезем на избори и да освоиме мнозинство во Парламентот со што ем би немало од една страна уцени за ВМРО-ДПМНЕ и од друга страна би можеле да ги исправиме грешките и да донесеме обнова и подобар живот за граѓаните, изјави Мицкоски.

Опозициската партија најави дека ќе собира 150.000 потписи за референдум за тоа дали граѓаните сакаат да одат во ЕУ под вакви услови, во контекст на потпишаниот протокол со Бугарија.

Мицкоски денеска исто така најави дека по 30 август, по годишниот одмор во Собранието, ќе продолжи активната блокада и оти ќе пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги заострат нивните чакори. Според Мицкоски, опозициските пратеници со активната блокада спречиле носење на штетни закони, за што реагирале и граѓаните.

За празникот Илинден, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ традиционално ќе се обрати во струшко Тасмаруништа.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 31 минута

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 2 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 3 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 4 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 4 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 18 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 24 часа

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена