Поврзи се со нас

Македонија

Мицкоски: Очекуваме Заев да ја поднесе оставката, ако не ќе изгласаме недоверба на Владата

Објавено

на

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва по објавувањето на новото парламентарното мнозинство, изјави дека доколку премиерот Зоран Заев не ја поднесе најавената оставка тие ќе поднесат иницијатива за недоверба на Владата.

-Мнозинство кое што ќе гарантира дека оваа влада предводена од СДСМ ќе е минато. Ја очекуваме оставката на Заев која ја најави доколку тоа не се случи ќе поднесеме иницијатива за недоверба на Владата. Очекуваме да ја поднесе оставката, рече Мицкоски.

Тој очекува Заев да ја поднесе најавената оставака, а за сите детали јавноста ќе биде дополнително информирана.

-Затоа и беше оваа средба денеска за да излеземе пред јавноста дека постои мнозинство во Парламентот, кое доколку Заев не ја поднесе оставката ќе и изгласа недоверба на неговата Влада, рече Мицкоски посочувајќи дека ако ја достави Заев утре оставката понатаму има законски, процедурални рокови и уставни одредби во кои што има дестина дена претседателот на државата да го даде мандатот, апотоа 20 дена преговори.

Очекувам, истакна, во периодов што следи да се обидеме да создадеме ново владино мнозинство. Како што рече, сите опции се во игра.

-Едната опција е да се формира ново мнозинство кое што ќе изгласа недоверба на Владата, доколку Заев тактизира со оставката, и втората е да одиме на брзи и предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Тој најави детали утре на прес-конференција. – Ова е мнозинство со коешто се гаранитра дека оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев е минато. За се останато треба да седнеме, разговараме за програмски определби, за иднината, за стратегијата понатаму, но во текот на утрешниот ден ќе имаме прес-конференција и ќе кажеме малку повеќе, рече  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето кој победи на Локалните избори и дали се потребни избори или нова стабила власт, повтори дека има две опции. – Едната опција е ново парламентарно мнозиннство коешто ќе избере политичка влада, која што ќе продолжи со реформскиот процес, со борбата против криминалот и корупцијата  која што претставува основен проблем во Македонија, влада која што ќе имплементира реформи  во здравството и во образованието, влада која што ќе ја однесе нашата држава, а тоа е местото во рамки на ЕУ, и втората опција е доколку не успееме нормално да формираме такво мнозинство да одиме на брзи парламентарни избори.

Тој претходно вечерва на Фејсбук напиша дека има ново парламентарно мнозинство, споделувајќи заедничка фотографии од лидерот на Левица Димитар Апасиев, генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и генералниот секратар на Алијанса на Албанците Арбен Таравари

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 26 минути

Приведени две жени во Гостивар, поради сомнение за повеќе сторени измами

Вестипред 30 минути

Економските односи главна тема на разговорите меѓу Путин и Си, се очекува потпишување два големи договора

Македонијапред 35 минути

Со одлука на НП „Шар Планина“ се забранува користењето ратраци за скијачки тури

Вестипред 2 часа

Прележаните од ковид со зголемен ризик од болести на желудникот и цревата

Занимливостипред 15 часа

(ВИДЕО) Дали сте слушнале за „прстот на судбината“? Природен феномен кој сè што ќе допре го претвора во мраз – и го убива!

Вестипред 17 часа

Апарати во домот кои трошат најмногу струја кога се вклучени, а не ги користите

Вестипред 20 часа

Цените на гасот во Европа на најниско ниво во последните 18 месеци

Гостиварпред 20 часа

Над 60 казнети за брзо возење во Гостивар при вчерашната акција

Македонијапред 22 часа

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена