Локални избори 2022
Мицкоски од Гостивар: Убеден во победа со огромно мнозинство, да ја завршиме работата уште во првиот круг

„Една анегдота е присутна во Скопје, но и овде во Гостивар. Велат СДСМ и ДУИ се договориле они да ги поддржат во Гостивар, а овие нив во Скопје. Ќе изгубат и во Скопје и во Гостивар. Данела ќе биде градоначалник на Скопје, Арбен Таравари ќе биде градоначалник на Гостивар.“, вака го почна својот говор на предизборниот митинг во Гостивар вечерва, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој ги повика граѓаните својот глас да го дадат за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија, а за градоначалник да го поддржат Таравари. „Убеден сум дека на 17 октомври овде во Гостивар изборот е лесен, најпрво број 7 за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија, а потоа за сегашниот и иден градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари. И тоа убеден сум дека ќе се случи со огромно мнозинство. Да ја завршиме работата уште во првиот круг.“, истакна Мицкоски додавајќи: „Ова не се обични избори, ова се избори на кои вие одлучувате каква ќе биде патеката по која ќе чекориме во иднината ние како Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци и сите други. Одлучувате дали ќе продолжи ова наше мачно, тешко секојдневие полно со многу проблеми, криминал, неправди, корупција или ќе избереме просперитет, иднина, проекти, развој и се‘ она што е потребно за еден современ, модерен град Гостивар, за една современа држава Македонија.“
Зборувајќи за актуелната власт на централно ниво, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики: „Ги преспаа овие четири години како централна власт. За една работа им признавам дека се најдобри, најдобри се во крадење и во лажење. За тоа им нема рамен. Но додека тие крадат и лажат, тоне Македонија. Тонеме и ние. Македонија е најкорумпирана во Европа дражава што ја водат политичари криминалци во Владата, тоа е наш колективен срам. Шансата да го промениме тој колективен срам е 17 октомври. Тука на овој плоштад гледам многу луѓе кои се одлучиле да се борат и да го победиме овој хибриден режим. Ни треба нова иднина. Да изградиме заеднички патриотизам, модерен патриотизам на 21 век“, рече Мицкоски.
На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар присутен беше и актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат од Алијанса за Албанците/Алтернатива, Арбен Таравари.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 7 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава