Поврзи се со нас

Македонија

Мицкоски: Предлогот е ултиматум и бугарски диктат

Објавено

на

Јас и ВМРО – ДПМНЕ во таков процес нема да бидеме соучесници. Ќе се бориме за вистината и против ваквиот нокаут во македонската дипломатија, рече претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

– Предлог кој е ултиматум за иднината на нашата Македонија, предлог кој е диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија. За таков предлог одговорот е – не благодарам. Предлогот кој е на маса, а Владата го криеше, а до кој дојдовме ние по наши канали, всушност е истиот, кој веќе еднаш беше одбиен, нагласи Мицкоски.

Со жалење морам да констатирам, истакна тој, дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот и во делот на идентитетот.

– Прифаќањто на ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот дикатат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите херои и револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Секој кој како Владата, како Ковачевкси, Османи и Маричиќ, ќе ви кажува нешто поинаку, ви кажувам со сиот мој дигнитет и име,не ја говори вистината или да бидам подиректен ве лаже. Затоа, имаме два документи, два процеси, сменети зборчиња, семантичка инверзија, кои Владата ни ги кажува како успех, изјави Мицкоски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на иницијативата за протест пред Владата утре во 19 часот.

– Го повикувам целиот народ, без разлика на верата, политичката определба или каква друга припадност да се приклучи во изразувањето на таквото народно незадоволство. Повикувам на обединување и на висока свесност за тешките удари кои оваа влада ги прави на нашата Македонија. Или ќе се каже гласно „не“, или потоа ќе се нема право на приговори. Затоа да излеземе и гласно кажеме „не благодарам“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена