Гостивар
Мицкоски, Села и Гаши се здружија за изборите, деталите ќе ги договараат општинските организации

Лидерите на опозициските партии ВМРО ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива денес на средба донесоа заклучок дека е неопходна соработка на престојните локални избори.
„Претседателите на Алијансата на Албанците, Зиадин Сеља, и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, го пречекаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тема на ова средба беа претстојните локални избори и можноста за опозициска соработка помеѓу овие партии, при што како главен мотив беше посочен борбата против корупцијата и криминалот застапен во општините раководени од СДСМ-ДУИ. Тројцата претседатели констатираа дека водејќи се од извештајот на Транспаренси Интернешенал, според кој Македонија е рангирана на историско најлошото 111 место, станува неминовно опозициската соработка, со цел единиците на локалната самоуправа да бидат ослободени од корупциското владеење, од нетранспарентното трошење на пари и од злоупотреба на власта на СДСМ и ДУИ на сите нивоа на државната управа. Со цел што подобро да се артикулираа опозицискиот глас, како и да се претстават најдобро интересите на сите граѓани на локално ниво, тројцата претседатели, истакнувајќи ги овие начела, се одлучија за взаемна соработка и поддршка на кандидати за градоначалници. Соработката подразбира дека споменатите партии нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии. За начинот и деталите на соработката ќе се договараат општинските организации на трите партии.“, стои во соопштението испратено до медиумите од Центрите за комуникација на трите партии.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја