Поврзи се со нас

Гостивар

Мицкоски во Гостивар: Доста беше „можеме“, тоа е завршено време – доаѓа достоинствена и исправена Македонија

Објавено

на

Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ попладнево одржа мини митинг на градскиот плоштад во Гостивар. Во своето обраќање лидерот на партијата Христијан Мицкоски истакна дека граѓаните обединети на овие избори ќе донесат победа за нивната коалиција.

„На 15 јули ќе се случи голема историска победа. На 15 јули не бираме етникуми или верски различности, туку бираме концепти. Заокружуваме со каков концепт Македонија сакаме да се равива, дали тоа што го нуди Зоран Заев или Вмро ДПМНЕ предводинк на Коалицијата „Обнова на Македонија“. Дали уште сакаме да гледаме луѓе кои од транзицијата со години, со децении ја засрамуваат, пљачкосуваат и обесправуваат нашата Македонија или луѓе кои имаат свежи идеи, кои носат напредок. Дали сакаме концепт кој е истрошен по принцип „евро за батето“ или честит концепт. Политичари кои се најмалку по еднаш аболирани или такви кои немаат ниту една дамка. Убеден сум дека граѓаните ќе го изберат концептот за обнова на Македонија.  На 15 јули, секој еден од вас ќе има сериозна можност гласно да зборува позади параванот. Предизвикот е голем поради се она што не опкружува поради ковид, свесен сум за сите здравствен предизвици, но треба да знаеме дека можеби втора шанса ќе немаме, и затоа треба да ја зграпчиме и искористиме.“, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ додавајќи дека како идан влат ќе немаат толеранција за неправда и криминал.

„Ветуваа правда, мир кога маршираа пред 4-5 години. Велеа само нив да ги поддржиме, ќе дојде прадва и мир. Ќе монтираат бројчаници на капија во центар на Скопје и ќе ги враќаат украдените пари. А тие се заортачија со оние кои ги нарекуваа режим. Кој се огрешил пред законот мора да одговара и така ќе биде. Доста беше „можеме“, тоа е „можевме“, тоа е завршено време, доаѓа достоинствена и исправена Македонија. Ќе ги поразиме силно, ќе победи обновата“, рече Мицкоски.

Носителката на листата во ИЕ 6, Дафина Стојаноска потенцира дека од ветувањата на актуелната власт ништо не се исполнило.

„Велат наведната глава сабја не ја сече, јас велам наведната кичма, не може никогаш да се исправи. Тие ја направија Македонија земја во која царуваат криминалот и неправдата. Наместо прадва и мир дочекавме патриотите да се зад решетки, а криминалците да се ослободувани од Заев и неговата таканаречена правда. Никогаш да не дозволиме младоста на нашите деца да биде украдена и продадена. Не ни донесоа ни живот ни општество за сите, двојазичноста не помага за сиромаштијата и изневерувањето. Ние правдата ќе ја направиме единствениот јазик на кој се зборува во Македонија.“, изјави Стојаноска.

На настанот во Гостивар се обратија и кандидати за пратеници од коалициските партнери на ВМРО ДПМНЕ.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 44 минути

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена